Свет
Венецуелската опозиција ќе испрати делегација во Италија
Лидерот на венецуелската опозиција, Хуан Гуаидо, ќе испрати делегација во Италија чија влада е една од неколкуте земји од Европската Унија кои не го поддржуваат самопрогласениот привремен претседател, пренесува „Локал“.
Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини, изјави дека ќе се состане со тимот во понеделник откако Гуаидо испрати писмо со барање што е можно побрзо да го претстави акциониот план за враќање на демократијата во Венецуела преку слободни и фер избори.
Велика Британија, Франција, Германија и Шпанија се меѓу 20-те земји членки на ЕУ кои застанаа на страната на Гуаидо откако Мадуро ги игнорираше нивните барања да распише нови претседателски избори до 3 февруари.
Но, обидот да се засили заедничката позиција на ЕУ доби вето од Италија, а коалициската влада во Рим е поделена околу тоа како да се справи со кризата во Венецуела.
Салвини, кој ја предводи десничарската популистичка партија Лига, повика на нови избори во Венецуела бидејќи, според него, „сите комунистички режими мора да бидат избришани од земјата”. Но, коалицискиот партнер Движењето пет ѕвезди не сака да го поддржи Гуаидо.
„Количеството демократија што луѓето се обидуваат да го извезат во некоја земја секогаш е директно пропорционално на тоа колку нафта има во таа земја … човек мора да биде силен за да остане неутрален”, изјави високиот член на M5С, Алесандро ди Батисти.
Гуаидо испрати барање и за разговори со лидерот на М5С, Луиџи ди Мајо, но тој не одговори веднаш на барањето. Италијанскиот претседател, Серхио Матарела, во понеделникот ја повика Италија да покаже одговорност и јасност во заедничката позиција со сојузниците и партнерите од Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

