Свет
Вепар касна жена на италијанска плажа: „Јадев пица, го привлече“
Дива свиња каснала 57-годишна жена на плажата во Џенова која јадела пица. Животното ја нападнало Росана Падоан Фалконе на плажата во Стурла, пишува „Гардијан“.
Нападнатата жена, активистка на Демократската партија, во петокот вечерта отишла на плажа да се опушти по работа.
„Бев на плажа и седев на крпа. Уживав во ветрето кога до мене се појави дива свиња. Советуваат да се остане смирен за време на ваквите средби, па се обидов. Тогаш дивата свиња дојде до мене и ме гризна за рака. Јадев пица кога се појави прилично голем вепар. Мислев дека го привлекува пицата и ќе се обиде да ја отвори картонската кутија во која се наоѓаа остатоците од неа, но наместо тоа ме касна мене“, изјави таа за La Repubblica.
Откако вепарот ја гризнал, таа почнала да вреска. На помош и’ пришол нејзин колега кој видел дека и’ крваvи раката. Другите панично избегале. Падоан Фалконе заврши во болница, каде и беше дадена вакцина против тетанус и антибиотици и лекови за лекување на потенцијалното беснило.
Ова не е првпат свињи да дојдат на плажа во Џенова. Во јуни поголем број диви свињи се обида да украдат грицки од три лица.
Се верува дека ова е првпат, на плажите, вепар да касне човек. Нападите на диви свињи предизвикаа дебата за зголемениот број на овие животни во италијанските градови. Неодамна, стадо диви свињи нападна жена на паркинг во Рим кога се враќала од пазарење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

