Свет
Веста за евтаназија на тинејџерката во Холандија е лажна
Веста за евтаназија на тинејџерката во Холандија е лажна. Седумнаесетгодишна холандска девојка побарала да биде евтанизирана и нејзината желба е исполнета минатата недела, така барем вчера можевме да прочитаме во низа медиуми, но денес – тоа не е вистина.
Оваа вест, иако ненамерно, е лажна. Еве што навистина се случило.
„Вашингтон пост“, „Индипендент“, „Евроњуз“, „Дејли мејл“ и други светски познати медиуми на англиски јазик ја објавија веста дека Ноа Петовен од Арнхем во Холандија побарала евтаназија, дека нејзиното барање е одобрено и дека е евтанизирана во својот дом.
Сепак, оваа вест е врз основа на известувањето на локалните медиуми, каде што, поради погрешен превод или недоразбирање, е погрешно протолкувана.
Ноа Петовен побарала евтаназија, но таа била одбиена.
Ноа навистина барала евтаназија, но таа ѝ е одбиена, пишува на „Твитер“ новинарката на порталот Politico Europe, Наоми O’Лири.
A 17-year-old rape victim was NOT euthanised in the Netherlands.@euronews @Independent @DailyMailUK @dailybeast are all wrong
It took me about 10 mins to check with the reporter who wrote the original Dutch story.
Noa Pothoven asked for euthanasia and was refused (cont.) pic.twitter.com/e7PYQSCxG1— Naomi O'Leary (@NaomiOhReally) June 5, 2019
„Ноа Петовен веќе некое време страда од анорексија и други нарушувања. Без знаење на родителите, таа побарала евтаназија и е одбиена“, пишува О’Лири.
„Семејството се обиде со многу видови психијатриско лекување и Ноа Петовен беше хоспитализирана неколкупати. Во последните месеци во неколку наврати се обиде да се убие. Семејството во очај побара терапија со електрошокови, но беше одбиено поради нејзината млада возраст. Петовен инсистира на тоа дека не сака повеќе третмани и во домот на нејзините родители е поставен болнички кревет. Во почетокот на јуни таа почна да одбива течности и храна и родителите и докторите се согласија дека нема присилно да ја хранат“, рече О’Лири.
„Одлуката да се премине на палијативна нега и пациентката да не се храни принудно, по нејзино барање, не е евтаназија. Холандските медиуми не известуваа за смртта на Ноа Петовен дека е случај на евтаназија. Оваа идеја се појави само при пренесувањето на холандските вести во медиумите на англиски јазик“, објасни О’Лири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Германските војници го напуштија Гренланд
Извидничкиот тим на германската армија Бундесвер го напушти Гренланд по само два дена престој.
Повлекувањето го објавија „Билд“ и „Дер Шпигел“, а информацијата за новинската агенција ДПА ја потврди и портпаролот на германското Министерство за одбрана.
Според „Билд“, кој прв ја објави веста, војниците биле информирани за ненадејното заминување дури утрово.
Свет
Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните
Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска во врска со Гренланд, во неделата со заедничка изјава предупредија дека таквите мерки носат ризик.
„Заканите со царини ги поткопуваат трансатлантските односи и носат ризик од опасна надолна спирала. Ќе останеме обединети и координирани во нашиот одговор. Посветени сме на заштитата на нашиот суверенитет“, се наведува во заедничката изјава на Обединетото Кралство, Данска, Финска, Франција, Германија, Холандија, Норвешка и Шведска.
Овие осум земји, кои одлучија да испратат свои војници на Гренланд, порачаа дека се подготвени за „дијалог врз основа на принципите на суверенитет и територијален интегритет“, зад кои цврсто стојат.
Тие повторија дека се „во целосна солидарност со Кралството Данска и народот на Гренланд“ и порачаа дека како членки на НАТО се посветени на јакнење на безбедноста на Арктикот – „заеднички трансатлантски интерес“. Во тој контекст, воената вежба на НАТО „Арктичка издржливост“ е одговор на таа потреба и „не претставува закана за никого“.
Од Париз, пак, доаѓа повик за активирање на „економската базука“ на ЕУ. Блиски соработници на францускиот претседател Емануел Макрон изјавија дека Франција бара од Европската унија да го активира Инструментот за борба против присила – механизам што би ѝ овозможил на ЕУ да одговори на економски закани, вклучително и ограничување на пристапот на САД до јавни набавки или трговија во сектори каде што американската страна има суфицит, ако Трамп не се откаже од најавените царини.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.

