Свет
(Видео) Австралија: Луѓето евакуирани поради поплавите, стотици пајаци се упатиле кон куќите
Исплашени луѓе снимале стотици пајаци како ги преплавуваат нивните домови и имоти откако поплавите погодија делови на Нов Јужен Велс во Австралија.
Меланија Вилијамс забележала пајаци како се качуваат на оградата пред нејзината куќа, бегајќи од водата, пренесува „Дејли мејл“.
Пајаците беа снимени и како се качуваат на вратата од гаражата и стигнуваат до врвот.
„Како што се покачуваше нивото на водата, ги видов овие мали, црни суштества и си помислив: „О Боже, тоа се пајаци “, рече Вилијамс.
Таа додаде дека порано ги видела овие инсекти, но никогаш нешто слично на ваквата инвазија.
Нов Јужен Велс за време на викендот беше погоден од бура каква не е видена веќе 100 години, што доведе до масовна евакуација на луѓето.
Професорот од Универзитетот во Сиднеј, Дитер Хочули објасни дека пајаците бараат терен за да избегаат од поплавите.
„За време на поплавите, животните што живеат на копно не можат повеќе да живеат таму. Како и луѓето, тие се обидуваат да се искачат на повисок терен“, додаде Хочули.
Експертите за диви животни предупредуваат и дека од домовите на луѓето ќе се појават и змии затоа што влажните и студени услови создаваат совршено ловиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Белград се урна напуштен двокатен објект
Дел од напуштен двокатен објект се урна попладнево во Белград и според службите за справување во итни случаи, нема повредени.
Шефот на Одделот за вонредни ситуации, Лука Чаушиќ, изјави дека стар напуштен двокатен објект се урнал на улицата „Џорџ Вашингтон“ во Белград околу 13:30 часот и дека е урнато градежно скеле што било наслонето на објектот.
Тој додаде дека според моментално достапните информации, нема повредени, ниту жртви.
При уривањето уништени се четири возила паркирани пред двоспратниот објект.
Во моментот се уште се врши пребарување на теренот каде се урнал објектот.
Опозициски партии упатија критики до градските власти и побараа оставка од градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.
Свет
Прекинот на струја во Киев го запре железничкиот сообраќај
Прекинот на електричната енергија во Киев го запре железничкиот и метро сообраќајот и ескалаторите низ целиот град, соопштија градските власти на социјалните мрежи.
Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подземните метро станици сега функционираат како засолништа.
– „Во Киев, како и во многу градови во Украина, имаше итни прекини на електричната енергија. Сообраќајот во метрото беше запрен поради низок напон во електричната мрежа. Подземните метро станици моментално можат да работат само како засолништа, на резервна електрична енергија, соопшти Кличко на Телеграм.
Технички прекини на два далноводи што ги поврзуваат Украина, Молдавија и Романија денеска доведоа до прекин на електричната енергија на украинската мрежа, соопшти украинското Министерство за енергетика и потврди дека во најмалку три региони и главниот град Киев имало итни исклучувања.
Свет
Речиси половина Германци во текот на животот заболуваат од рак
Во текот на животот речиси секој втор граѓанин на Германија заболува од рак, објави денеска државниот имунолошки завод „Роберт Кох“ во Берлин.
– Кај 49 проценти од мажите и 46 проценти од жените во текот на животот се дијагностицира рак, објавено е во редовното издание на Институтот „Роберт Кох“ (РКИ) во пресрет на денот за борба против ракот, 4 февруари.
Според истите податоци, секоја шеста жена и секој седми маж од рак заболуваат пред својата 65-та година.
Според податоците за 2023 година, од околу половина милион дијагностицирани нови случаи на рак, најголемиот број отпаѓа на рак на простата, по што следуваат ракот на дојка, бели дробови и дебело црево.
Истата година од рак починале 230.000 лица.
Истовремено, како што објави РКИ, стапката на смртност на заболените од рак во последните 25 години значително е падната, кај мажите за 30, а кај жените за 20 проценти.
Секоја година во пресрет на Светскиот ден за борба против ракот, РКИ објавува статистики со цел подобра превенција на заболувањата и поттикнување на свеста кај граѓаните.

