Свет
(Видео) Азербејџан објави војна во Нагорно-Карабах, има загинати
Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека започна операција во регионот Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Ова е регион кој долги години е предмет на спорови и конфликти.
Единаесет азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и уште еден инцидент. Во главниот град на Карабах беа пријавени сирени за воздушна опасност.
⚡️BREAKING: The Azerbaijani Defence Ministry announced the beginning of anti-terrorist measures in #Karabakh "to restore constitutional order." pic.twitter.com/XCpziUiXnn
— KyivPost (@KyivPost) September 19, 2023
Двата соседи, Азербејџан и Ерменија, војуваа двапати за Нагорно-Карабах, прво во раните 1990-ти по распадот на Советскиот Сојуз и повторно во 2020 година. Од декември, Азербејџан де факто го блокираше единствениот пат до енклавата од Ерменија, познат како коридор Лачине.
🇦🇿🇦🇲 رتل للقوات المسلحة الأذربيجانية
باتجاه #شوشي#أذربيجان #Azerbaycan pic.twitter.com/JAgLao9hps
— ريان المصري (@Rian_almasri) September 19, 2023
Советник за надворешна политика на Азербејџан: Цивилите се користат како жив штит
„Азербејџан започна локални, но ограничени антитерористички мерки насочени кон напади врз воени цели“, изјави за Ал Џезира советникот за надворешна политика на претседателот Илхам Алиев.
Одговарајќи на извештаите за ранети најмалку 23 лица, меѓу кои и осум деца, тој рече: „Азербејџанската страна не цели на цивили на кој било начин. Имаме оружје со висока прецизност и однапред одредени воени цели“.
#Aproximidad pic.twitter.com/758ncSQ7r2 🇦🇿🇦🇲 | URGENTE: Azerbaiyán lanzó un ataque contra grupos separatistas en Nagorno-Karabaj, la zona en disputa con Armenia.
Estamos posiblemente ante el inicio de una nueva guerra. https://t.co/758ncSQ7r2 Fuente: AlertaMundial2
— A-Proximidad (@AProximidad) September 19, 2023
Но, тој вели дека колатералната штета е неизбежна бидејќи цивилите се користат како жив штит во спорниот регион. „Ги повикуваме сите цивили да се оддалечат од воените цели“, рече тој.
Демонстранти во Ереван го повикаа премиерот да поднесе оставка
Демонстрантите во главниот град на Ерменија, Ереван, го повикаа премиерот Никол Пашинјан да поднесе оставка откако тој ги осуди повиците за „државен удар“ додека Азербејџан започна воена операција во Карабах населен со Ерменци.
An air alert has been declared in #Stepanakert/Khankendi (Nagorno-Karabakh)
Localised anti-terrorist measures have been launched in the Karabakh region, the #Azerbaijani Defence Ministry reports. It that Azerbaijani military were shelled by the Armenian Armed Forces and used… pic.twitter.com/1wqz8fvfUP
— NEXTA (@nexta_tv) September 19, 2023
Стотици луѓе се собраа на Плоштадот на Републиката во Ереван, пред канцелариите на Пашинјан, за да го осудат неговото справување со кризата во Карабах, според репортерот на АФП на местото на настанот, а демонстрантите извикуваа „Никол предавник!“ и „Никол поднеси оставка!“
Ерменската опозиција го обвини Пашинјан дека е слаб во однос на Карабах, отцепен регион населен претежно со етнички Ерменци за кој Ереван и Баку се спорат со децении.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

