Свет
(Видео) Американски полицаец нападна 11-годишна ученичка
Полицаец од Ново Мексико се повлече од должноста откако беше снимен како употребува прекумерна сила при совладување на 11-годишно девојче, кое наводно зело премногу млеко од училишната кантина, пренесе хрватски „Индекс“.
Од полициската станица Фармингтон во неделата соопштија дека полицаецот Захари Кристенсен се повлекол од должноста откако била покрената внатрешна истрага за употреба на прекумерна сила за време на инцидентот што се случил на 27 август во училиштето Меса Вју.
На снимките од камерата, која е стандардна опрема за полицајците, се гледа како полицаецот по вербалната расправија меѓу девојчето и директорот, на сила го зема нејзиниот ранец и набрзо потоа ја фрла на подот за да ѝ стави лисици на рацете, пренесува „Дејли меил“.
Началникот на полициската станица Фармингтон, Стивен Хеби, изјави дека однесувањето на службеникот не е во согласност со стандардите на одделот и истакна дека нема оправдување за ваков вид однесување.
Кристенсен наводно рекол дека се обидел да го уапси девојчето затоа што отишло директно во кантината, зела повеќе млеко отколку што требало и го истурила на подот.
Неидентификуваната ученичка добила потрес на мозокот и повреди на рацете и на рамената.
„Не може да го навредуваш директорот. Доста ми е од тоа. Готова си“, вели Кристенсен во видеото. Потоа, 11-годишната ученичка ја фрла на подот, а таа плаче и вели дека полицаецот ѝ нанесува болка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Обилни дождови во Бразил: Најмалку 14 загинати, 440 раселени
Најмалку 14 лица загинале, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодиле југоисточниот бразилски град Жуис де Фора, соопштија локалните власти.
Дождовите предизвикале поплави и свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината. Властите мобилизирале специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Градот, кој се наоѓа во сојузната држава Минас Жераис, прогласил состојба на катастрофа.
Локалните власти наведуваат дека ова е најврнежливиот февруари во историјата на градот, со двојно повеќе врнежи од очекуваното. Националниот институт за метеорологија издал предупредувања за обилни дождови во делови од 14 сојузни држави, вклучително и Рио де Женеиро.
Свет
Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина
Американскиот претседател, Доналд Трамп, се обидува да постигне договор за прекин на војната во Украина пред 4 јули, кога ќе биде домаќин на одбележувањето на 250-годишнината од американската независност, пренесува „Блумберг“, повикувајќи се на високи американски функционери.
За време на претседателската кампања, Трамп повеќепати ветуваше дека ќе ја заврши војната во рок од 24 часа по преземањето на функцијата. Сепак, околу 400 дена по почетокот на неговиот втор мандат, тристраните разговори не довеле до договор.
Трамп сега, според „Блумберг“, има цел војната да заврши во рок од четири месеци. Но, Кремљ денеска, на четвртата годишнина од почетокот на војната, порача дека борбите ќе продолжат сè додека не се остварат руските цели во Украина.
Свет
ОН ги повикаа САД да го подмират долгот од над четири милијарди долари
Претседателката на Генералното собрание на Обединетите нации, Аналена Бербок, ги повика САД целосно и навреме да ја подмират својата членарина кон светската организација, откако Вашингтон уплатил само дел од долгот.
Како што пренесе „Ројтерс“, САД уплатиле околу 160 милиони долари од вкупниот долг од повеќе од четири милијарди долари кон Обединети нации.
Генералниот секретар на ОН предупредил дека организацијата се соочува со „многу скор финансиски колапс“ поради неплатени членарини.
Баербок изјави дека „секојa земја членка мора да го плати својот придонес во целост и навреме“, додавајќи дека 160 милиони долари „очигледно не е целосниот износ“.
Минатата недела, американскиот претседател, Доналд Трамп, беше домаќин на состанок на својот „Одбор за мир“, иницијатива за која дел од експертите сметаат дека може да ги поткопа ОН. Баербок посочи дека за прашањата на мир и безбедност постои легитимно тело, односно Обединетите нации.

