Свет
(Видео) Американски полицајци суспендирани поради брутален напад врз невооружен човек

Четворица полицајци од Аризона се суспендирани поради бруталниот напад врз невооружен маж, јавија американските медиуми.
Во вторникот беше објавена снимка од надзорна камера која прикажува како четворица полицајци од Аризона го претепале Роберт Џонсон (33). На видеото се гледа како еден полицаец излегува од лифт на четвртиот кат од зградата, а потоа се појавува и Џонсон, кој разговара на мобилен телефон.
Три минути подоцна четворица полицајци го опкружуваат Џонсон, го туркаат и почнуваат да го удираат со рацете и нозете додека тој не падне на подот. Подоцна му ставаат лисици и еден полицаец го турка низ вратата на лифтот. Објавена е и снимка која прикажува како го доведуваат во затвор.
Снимката ја објави полицијата и е дел од внатрешната истрага што доведе до суспензија на четворицата полициски службеници, изјавил шефот на полицијата, Рамон Батиста, за „Ен-би-си њуз“. Иако нападот се случил на 23 мај, Батиста за него дознал еден ден подоцна.
„Оваа постапка во никој случај не е демонстрација на начинот на кој нашите полициајци секојдневно ја вршат својата работа. Тие се луѓе и сигурно на прв поглед ова изгледа како грешка, но не е во ред. Моја работа е да спроведам истрага и да ги најдам одговорите за овој инцидент“, изјавил Батиста.
Џонсон за време на нападот не бил под истрага, но бил во објектот кога неговиот другар наводно се обидел да влезе во станот на својата поранешна девојка, изјави полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.