Свет
(Видео) Бајден се насмеа и негира дека примал мито од украинска компанија

Американскиот претседател Џо Бајден се насмеа на прашањето за „доказите во досието на ФБИ“ дека тој наводно примил поткуп од 5 милиони долари од украинска енергетска компанија во замена за политичка одлука додека служел како американски потпретседател.
„Каде се парите?“, лежерно возврати Бајден со контрапрашање, а потоа оцени дека обвинувањата се куп глупости, пишува „Њујорк пост“.
“…there’s damning evidence in an FBI file that you sold out the country. Do you have a response?”
BIDEN: “Where’s the money?” pic.twitter.com/eInHkzkzhH
— RNC Research (@RNCResearch) June 8, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Емиратите го притискаат Нетанјаху да го прифати планoт на Трамп за Газа

Обединетите Арапски Емирати го повикаа израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја поддржи мировната иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа и да се откаже од плановите за анексија на Западниот Брег, јави „Ројтерс“ повикувајќи се на дипломатски извори.
Емиратите, кои ги нормализираа односите со Израел во рамки на Абрахамските договори, предупредија дека евентуална анексија би ја блокирала можноста за понатамошна нормализација со водечките арапски и муслимански држави, вклучително и Саудиска Арабија и Индонезија.
Ставот на Абу Даби му бил пренесен на Нетанјаху од шефот на дипломатијата на Емиратите, шеик Абдулах бин Зајед, на средба во Њујорк за време на Генералното собрание на ОН.
Во меѓувреме, Нетанјаху престојува во Вашингтон, каде што денеска има средби со Трамп. Се очекува двајцата лидери да разговараат за нов мировен предлог од 21 точка за Газа, а подоцна е најавена и заедничка прес-конференција.
Свет
(Видео) Иранската ТВ ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

Иранската државна телевизија изврши цензура на снимки од министерката за надворешни работи на Финска, Елина Валтонен, и нејзината шведска колешка, Марија Малмер Стенергард, замаглувајќи ги нивните голи колена за време на извештај од дипломатски средби на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) во Њујорк.
Иранската активистка и новинарка Масих Алинеџад на платформата „X“ ја сподели снимката, опишувајќи ја цензурата како симптом на пошироките ограничувања на женските слободи во Иран.
On Iranian TV the knees of Finland’s and Sweden’s foreign ministers were blurred — so as not to “disturb” local viewers🙈
🇫🇮🇸🇪This week, Iran’s IRIB channel aired a report on Foreign Minister Abbas Araghchi’s meeting with Elina Valtonen and Maria Malmer Stenergard in New York… pic.twitter.com/MCHDEYqNqU
— NEXTA (@nexta_tv) September 29, 2025
Валтонен, во интервју за финскиот „Хелсингин Саномат“, истакна дека не ја прилагодува својата облека според тоа со кого се среќава:
„Имам политика да не присуствувам на настани каде е задолжително покривање на косата или лицето. Овој извештај е тажен и ја отсликува положбата на жените во Иран“, изјави таа.
Иранските државни медиуми редовно менуваат меѓународни снимки со жени кои не ги следат локалните исламски правила за облекување, а замаглувањето на делови од телото е дел од вообичаена практика.
Состанокот меѓу Валтонен, Стенергард и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се одржал на маргините на Генералното собрание на ОН, при што темите вклучувале регионална стабилност, човекови права и улогата на жените во дипломатијата.
Свет
Трамп воведува 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од САД

САД ќе воведат 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од земјата, објави денес американскиот претседател Доналд Трамп во објава на социјалната мрежа Truth Social.
„Нашата филмска индустрија е киднапирана од други земји, исто како што крадат бомбони од деца. Калифорнија, со својот слаб и некомпетентен гувернер, е особено силно погодена! Затоа, за да го решам овој долгогодишен и бесконечен проблем, ќе воведам 100 проценти царина на сите филмови направени надвор од Соединетите Американски Држави. Ви благодарам за вашето внимание“, објави тој.
Според „Ројтерс“, Трамп се заканил дека ќе воведе такви тарифи во мај, но понудил малку детали, што довело до забуна кај лидерите во индустријата за забава.
Акциите на Netflix и Warner Bros Discovery паднаа за 1,4 проценти и 0,6 проценти, соодветно, во претпазарното тргување.
Фото: ЕПА