Свет
(Видео) Бездомник спаси бебе за време на масовното пукање во САД
Се откри дека херојот кој го спасил бебето за време на масовното пукање во Волмарт, Тексас, всушност бил бездомник кој, откако го спасил животот на бебето, се вратил во трговскиот центар за да помогне во згрижувањето на повредените.
Снимките од надзорната камера покажуваат дека во напад минатиот август во кој загинаа 22 лица Лазаро Понсе го зел новороденчето и го донел на безбедно.
Полицијата ги замоли граѓаните да помогнат во идентификувањето на непознатиот човек, за кој рече дека неговиот чин на спасување е херојски. Пет месеци подоцна, Понсе се јавил и полицијата утврдила дека човекот навистина бил на снимката, пренесува „Скај њуз“.
„Не само што го зеде детето кое можеше да се задуши меѓу мртвите тела, тој, исто така, истрча надвор и го предаде новороденчето на персоналот за итни случаи“, рече наредникот Енрике Карило.
„По тоа, тој се врати во продавницата и со количка отиде во одделот за пешкири, ги обиколуваше повредените и им помагаше“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.

