Свет
(Видео) Венецуела на работ на бездна, Америка го стега обрачот, а Мадуро танцува салса

Додека сите очи на светот се вперени во Венецуела поради политичката криза и додека Вашингтон го стега обрачот околу таа земја, актуелниот претседател Николас Мадуро танцува салса.
Снимката на која Мадуро танцува со својата сопруга во ритамот на салсата беше создадена, како што наведува „Спутник”, на крајот на февруари и веднаш почна да се шири на социјалните мрежи.
Мадуро и неговата сопруга Селија Флорес танцуваа на песна посветена на него.
'Maduro does not leave': WATCH Venezuelan President and his wife dancing https://t.co/Qn2cg10tN4 pic.twitter.com/mQjAovm6lw
— Sputnik (@SputnikInt) March 7, 2019
По состанокот со претставници на рударски компании, претседателот на Венецуела ги замоли музичарите кои беа доведени на местото на состанокот да свират нешто за публиката.
Меѓутоа, тие почнаа да свират и да пеат една песна чии зборови гласат: „Мадуро не оди, Мадуро не заминувај“.
Во тој момент, Мадуро ја фати сопругата за рака и почна да танцува во ритамот на песната, опкружен од граѓани облечени во карневалска облека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Рама: На автопатот кој ги поврзува Дебар и Тирана нема да се наплаќа патарина

На автопатот „Патот на Арбр” (Руга е Арбрит) кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до Тирана нема да се наплаќа патарина, објави албанскиот премиер Еди Рама, во директна комуникација со граѓаните на неговиот поткаст, „Очи во очи” на Фејсбук.
– Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплаќа патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата – рече Рама.
Автопатот за сообраќај беше пуштен на крајот од ноември 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.
Регион
Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во областа на грчкиот остров Крит, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 18 часот и 51 минути, се наоѓа на 53 километри североисточно од Ираклион на длабочина од приближно 10 километри, се вели во соопштението.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.
Регион
Силен земјотрес во Хрватска, дел од Сисак без струја

Денеска во Хрватска забележан е прилично силен земјотрес со епицентар кај Табориште, на 3 километри југоисточно од Петриње. Земјотресот бил со јачина од 4,0 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот V – VI по ЕМС скалата“, соопшти Сеизмолошката служба.
Земјотресот бил почувствуван во 12:52 часот. Епицентарот на земјотресот бил на 9 километри североисточно од Сисак.
Покрај струјата, во Сисак и околината може да има потешкотии и со телекомуникацискиот сообраќај.
„Во моментов има можни потешкотии при користење на фиксните услуги во вашата област. Нашите тимови веќе работат на нивно решавање“, се вели во пораката од А1.
#Earthquake (#potres) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.5 || 9 km NW of #Sisak (#Croatia) || 4 min ago (local time 12:52:51). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/YFhu4RIFB2
— EMSC (@LastQuake) February 25, 2025
„Во окружниот центар 112 Сисак досега се примениле околу 10 повици од граѓани за земјотресот, од кои две се за помали оштетувања (пукнатини).