Свет
(Видео) Во близина на Москва изгоре зграда – осум загинати, луѓето во паника скокаа од прозорците
Се запали зграда во Фрјазин, град кој се наоѓа на 25 километри североисточно од Москва. Најмалку осум лица загинаа, јави ТАСС.
Итната помош потврдила дека дошло до уривање на градежната конструкција.
Девет лица останале заробени во зградата за време на пожарот. Снимката објавена од Канал 112 на Телеграм покажува како некои луѓе кршат прозорци додека црниот чад излегува од зградата.
There was an explosion in the burning building in Fryazino
Roselectronics said that the building burning in Fryazino has nothing to do with the Platan Research Institute, it was transferred to private ownership back in the 1990s.
The area of the fire in the building on the… pic.twitter.com/OH2FUKNf1y
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2024
На социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како маж скока од прозорец од голема височина. Друг, со тешки изгореници, паднал од горните катови.
„Напорите се насочени кон спасување луѓе и гаснење на пожарот“, изјави претходно извор од службата за итни случаи. На местото беше испратен хеликоптер Ка-32 од Московскиот авијациски центар за да помогне во гаснењето на пожарот, потврди прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.
Според последните податоци, пожарот зафатил четири ката. Во гаснењето учествувале повеќе од 100 луѓе, а работата на спасувачите ја отежнале високите температури и густиот чад.
Најпрвин руските медиуми објавија дека гори истражувачкиот институт Платан, но државната компанија Роселектроника објави дека зградата нема никаква врска со истражувачките институти и одбранбената индустрија, туку „станала приватна сопственост кон крајот на 90-тите“. Пожарот избувнал во канцеларијата на шестиот кат, изјави очевидец за ТАСС.
„Луѓето на петтиот или пониските катови успеаја да побегнат од зградата“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

