Свет
(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“
Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во 18 часот по средноевропско време.
Тоа ќе биде прва церемонија во поновата историја на која нема да присуствуваат претседателот во заминување и првата дама.
Бајден ќе положи заклетва како 46-ти претседател на САД на 59. церемонија на инаугурација и за разлика од претходните церемонии и традиционалните говори, учесниците ќе се појават пред мала, физички оддалечена публика, со заштитни маски, и во град кој е затворен како поради пандемијата така и поради безбедносните закани.
Вашингтон е претворен во тврдина уште по нападот на Конгресот. Повеќе од 25.000 припадници на Националната гарда и воени резервисти, вооружени вршат обиколки низ главниот град. Поставени се и жичени огради и бетонски блокови за да ги заштитат Белата куќа и Капитол, односно за да се блокира пристапот на главните патишта.
Некои ветерани од војната во Ирак изјавија дека центарот на градот ги потсетува на зелената зона во Багдад.
Претходно, американските медиуми пренесоа информација според која се спроведува проверка за 25.000 припадници на Националната гарда, кои го обезбедуваат Вашингтон, поради можна поврзаност со десничарски екстремистички групи. Официјални претставници на американската одбрана изразија загриженост за можни инсајдерски напади или други видови закани од редовите на безбедносните сили.
По заклетвата, Бајден ќе го има своето прво обраќање до нацијата како претседател, пишува „Еј-би-си њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Калас: Европа повеќе не е во центарот на вниманието на Вашингтон, но нашата сила е во единството
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека Европа повеќе не е „центар на вниманието“ на Вашингтон и дека промената е „структурна, а не привремена“.
Зборувајќи на годишната конференција на Европската агенција за одбрана, Калас додаде дека иако ЕУ продолжува да се стреми кон силни трансатлантски врски и САД ќе останат нејзин сојузник, Европа мора да се прилагоди на новите реалности, а „НАТО мора да стане “поевропски“ за да ја одржи својата сила“.
„Ризикот од целосно враќање кон политиката на принудна моќ, сфери на влијание и свет каде што моќта прави сè, е многу реален“, заклучи таа.
Свет
Канадскиот премиер: Во Америка речиси ништо не е нормално
Канадскиот премиер, Марк Карни, во Парламентот во Отава даде остар одговор на прашањето на пратениците за тоа дали има „пристојни преговори“ со Вашингтон за трговски и економски прашања.
„Вашингтон се промени. Речиси ништо повеќе не е нормално во Соединетите Држави. Тоа е вистината“, им рече Карни на пратениците, додавајќи дека Канада продолжува да води тековни разговори со американските лидери, вклучително и телефонски разговор со претседателот Доналд Трамп во кој се осврна на трговските прашања.
Тензиите меѓу Канада и САД дополнително ескалираа во вториот мандат на Доналд Трамп кога Трамп објави закани за воведување високи царини за канадски производи – вклучувајќи челик, автомобили и други индустриски стоки – ако Отава се стреми кон трговски договори со други партнери како што е Кина.
Ваквите закани го натераа Карни да предупреди дека традиционално блиските економски односи меѓу двете земји се „скоро завршени“ и дека Канада треба да ги диверзифицира своите трговски односи надвор од Соединетите Држави.
фото/Depositphotos
Европа
(Видео) Изгоре луксузен хотел на француските Алпи
Десетици луѓе беа евакуирани откако синоќа пожар го зафати хотелот со пет ѕвездички во скијачкиот центар Куршевел на француските Алпи.
Никој не е повреден во пожарот што избувна на таванот на хотелот „Hotel des Grandes Alpes“ околу 19 часот, соопшти префектурата на регионот Савоја на својата веб-страница.
🔥 Courchevel : incendie en cours dans un hôtel de luxe
▶️ Le feu serait parti des combles. 261 personnes ont dû être évacuées, aucune n’a été blessée
🚒 Les pompiers, toujours sur place, font face à un risque important de propagation pic.twitter.com/BoeIJcDjnQ
— LCI (@LCI) January 28, 2026
Службениците соопштија дека повеќе од 90 лица биле евакуирани од хотелот синоќа, додека блискиот хотел „Le Lana“, кој има речиси 200 гости, исто така бил евакуиран утрово поради ризик бидејќи пожарот продолжувал. Персоналот и гостите се засолниле во други хотели.
131 пожарникар беа распоредени на местото на настанот. Безбедносните мерки во регионот се под лупа откако пожар во бар во швајцарското одморалиште Кран-Монтана на новогодишната ноќ уби 40 лица, а повреди повеќе од 100, од кои многумина тинејџери.

