Свет
(Видео) Во ослободената Балаклија жителите ги гушкаат украинските војници
Видеа од градот Балаклија во близина на Харков, кои се појавија на социјалните мрежи, покажуваат дека жителите ги пречекуваат украинските војници, кои го зазедоа градот.
Балаклија се наоѓа на 70-ина километри југоисточно од градот Харков, во центарот на територијата во која Украина почна голема контраофанзива. На видеото објавено на „Твитер“ од украинската новинарка Наталија Гумењук се гледаат мажи и жени што излегуваат од зградата за да ги прегрнат војниците. Некои од нив ги пречекуваат во солзи, пишува „Гардијан“.
Bittersweet to watch the videos of residents’ reactions to the Ukrainian soldiers liberating cities from Putin’s fascist regime. This is #Balakliya near #Kharkiv. ???? pic.twitter.com/sNYVFycBuT
— Igor Sushko (@igorsushko) September 9, 2022
„Дамите ги поздравуваат војниците во ослободената Балаклија по 6 месеци окупација: ‘Момци, ни останаа уште неколку палачинки, ги сакате’? Војниците одговараат: ‘Малку подоцна, подобро да се засолниш, гранатирањето сè уште е можно. Можам да го гледам одново и одново’“, напиша Гумењук на „Твитер“.
Ladies greet ???????? soldiers in liberated Balakliya after 6 months of ???????? occupation. “Boys, we have some pancakes left, would you like?” “A bit later, please, better still hide, shelling is still possible”. I can watch endlessly pic.twitter.com/n6XVRI8YfX
— Nataliya Gumenyuk (@ngumenyuk) September 8, 2022
Киев во изминатите 24 часа ја зазеде Балаклија, која половина година беше под руска окупација. Украина го затвори важниот логистички и снабдувачки центар Купјанск, а Институтот за проучување на војната (ISW) верува дека, најверојатно, ќе го освои во наредните денови.
ISW наведува дека украинската војска „веројатно ќе го заземе Купјанск во следните 72 часа, што може да доведе до сериозно, но не и целосно прекинување на руските линии за снабдување до Ижиум“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во руски напад на Павлоград загинаа 12 лица
Во нападот на руски дронови што утрово беше извршен врз градот Павлоград загинаа 12 лица, а ранети се седуммина, соопшти шефот на воената управа на Дњепропетровската област, Александар Ганжа.
– Непријателско беспилотно летало експлодираше покрај службен автобус на едно од претпријатијата во Павлоградскиот округ. Според прелиминарните информации, 12 лица загинаа, а седуммина се повредени, се наведува во објавата на Ганжа.
Во исто време во руско бомбардирање на градот Славјанск во Доњецката област утрово загина 43-годишна жена, а уште една е ранета.
– Загина 43-годишна жена, жителка на Краматорск. Мое искрено сочувство до нејзиното семејство и пријателите. Една мештанка е повредена, информира началникот на воената управа на Славјанск, Вадим Љах.
Тој потврди дека во нападот се оштетени 14 повеќекатници, три автомобили, филијала на Нова пошта и деловен центар.
Свет
Бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41, меѓу жртвите и 18-годишно момче
Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството.
Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата смрт, бројот на жртви од пожарот во барот „Le Constellation“ во швајцарскиот центар Кран-Монтана се искачи на 41 лице.
Пожарот избувна за време на забава за Нова година, на која присуствувале главно млади луѓе, откако прскалки го запалиле таванот. Пламенот брзо се проширил, а многу луѓе останале заробени во подрумот, не можејќи навреме да побегнат преку тесните скали.
Повеќе од 100 луѓе беа повредени, од кои околу 80 претрпеа тешки изгореници.
Јавното обвинителство води истрага за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди и предизвикување пожар.
Свет
Две лица загинаа во најновите руски напади со дронови врз Украина
Маж и жена загинаа во украинскиот град Днипро откако Русија изврши нов бран напади со дронови во текот на ноќта, соопштија денеска официјални лица.
Во нападот избувнал пожар, а една куќа е целосно уништена, изјави воената гувернерка Олександр Ханжа во објава на Телеграм.
Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта извршила вкупно 90 напади со дронови низ целата земја, од кои околу десетина завршиле со директни погодоци.
Нападите се случуваат во време кога руски и украински претставници денеска треба да се сретнат во Абу Даби на нови разговори за можен крај на војната.
Разговорите следуваат по слична средба одржана минатата недела, прва по подолга пауза, но овојпат без присуство на американски посредници.
Со цел создавање позитивна основа за разговорите, Русија го прифати барањето на американскиот претседател Доналд Трамп привремено да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура, откако претходните напади врз електраните оставија илјадници луѓе без струја, греење и вода, при температури под нулата.
Според Кремљ, ограничениот прекин на огнот треба да трае до денеска.
Во меѓувреме, во Украина продолжуваат работите за обновување на снабдувањето со електрична енергија по вчерашниот прекин, предизвикан од дефект на далноводите.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека околу 1.000 домаќинства и натаму се без греење, откако тешкото руско бомбардирање ја оштети електроенергетската и топлинската инфраструктура на главниот град.

