Свет
(Видео) Во САД загинаа 28 лица поради снежното невреме, во Монтана измерени минус 39 степени
Поради струдениот бран што го погоди поголемиот дел од САД, повеќе од 800.000 луѓе останаа без струја, а најмалку 28 лица загинаа.
Повеќе од 3.000 летови беа откажани во саботата, а некои аеродроми беа затворени. Во петокот, повеќе од 200 милиони луѓе беа под некаков вид метеоролошки предупредување.
Замрзнатите услови на патиштата ги натераа властите да ги повикаат луѓето да останат внатре и да ги откажат сите патувања кои не се итни, а стотици луѓе останаа заглавени во сообраќајот.
Меѓу загинатите има три лица во сообраќајни несреќи во Кентаки и уште три во Оклахома.
The lake band is still raging, but it’s now south of the airport. Here’s a view of our office with some rather impressive snow mounds in the foreground. Many (many) cars are still buried throughout the area. pic.twitter.com/owto22GbF6
— NWS Buffalo (@NWSBUFFALO) December 25, 2022
Во Монтана е измерена температура од минус 39 степени
Во Монтана, Националната метеоролошка служба предупреди дека на источната падина на националниот парк Глечер и околината може да падне до 20 сантиметри снег, а ветровите достигнуваат брзина и до 90 километри на час.
Монтана претходно во невремето забележа температура од -45,6 степени, додека вчерашната најниска температура беше забележана во малиот град Авр на -39 степени (38 F).
Повеќе од 107.000 домови се без струја во Мејн, а поправките најверојатно ќе траат неколку дена. Некои други држави побараа од потрошувачите да ја намалат потрошувачката за да избегнат прекини.
Cars are stuck in heavy snow in Buffalo, New York, Saturday.
A winter storm knocked out power to 1.7 million homes and businesses across the U.S.
Officials have attributed more than a dozen deaths to exposure, icy car crashes and other storm effects.https://t.co/tsWNh43V6r pic.twitter.com/boI5WqIw9n
— Voice of America (@VOANews) December 25, 2022
Временските услови ќе бидат умерени од вторник западно до источно од Америка, во висорамнините и центарот на САД, но источниот брег ќе се загрее до четврток или петок.
Екстремните временски услови ги принудија властите ширум земјата да отворат центри за затоплување во библиотеките и полициските станици за да ги заштитат бездомниците.
Во Канада стотици илјади луѓе се без струја
Travel hell for Via Rail passengers going between the Toronto to Quebec City corridor. This photo is from a viewer near Kingston.
9 trains stopped in tracks because of falling trees and power outages.
7 trains cancelled.
Some passengers have been stuck for more than 15 hrs pic.twitter.com/80NBFkphmY— Judy Trinh (@judyatrinh) December 24, 2022
Канаѓаните исто така издадоа предупредувања за тешки временски услови. Стотици илјади луѓе останаа без струја во регионите Онтарио и Квебек, додека многу летови беа откажани во Ванкувер, Торонто и Монтреал.
Канадската VIA Rail објави дека сите возови од Торонто до Отава и Монтреал ќе бидат во прекин на Божиќ поради излетување на воз од шините, додека екстремните временски услови доведоа до бројни откажувања.
Метеорологот Келси Мекјуен од Торонто на Твитер објави дека во петокот во езерото Ири се забележани бранови до 8 метри, додека во пристаништето Ферпорт, Охајо дувале ветрови со брзина до 120 км/ч.
HIGH WAVES: eastern Lake Erie waves between 6-8metres this afternoon, (19-26’ waves). This is Sherkston Beaches, in Port Colborne, on the northern shore of Lake Erie.
BLIZZARD WARNING in effect. Winds gusting 108km/hr right now.
Video: Justin Crown@YourMorning @CTVNews pic.twitter.com/VJFVOo09Ct
— Kelsey McEwen (@KelseyMcEwen) December 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Туск: Полска нема да штеди средства за зајакнување на границата со Белорусија
Полскиот премиер Доналд Туск на границата со Белорусија изјави дека е започнато зајакнувањето и утврдувањето на полската граница, за што неговата земја нема да штеди пари и дека самата Унија ќе мора да инвестира во безбедноста на таа источна граница со Европска унија.
„Нема сомнеж за се поагресивните намери на Белорусија кон Полска. Преземаме чекори за зајакнување на границата поради зголемениот притисок од режимот на Александар Лукашенко и зголемените закани од војната поради руската агресија во Украина. Започнавме интензивна работа на утврдување на целата граница на Полска на исток“, изјави Туск во пограничниот град Каракула, пренесува „Н1“.
Претходно оваа недела, полскиот министер за одбрана Владислав Кошњак-Камиш рече дека земјата треба да има план за изградба на систем на ровови и бункери на источната граница.
Полскиот премиер по разговорот со командантите на граничната стража, армијата и полицијата на границата со Белорусија, рече дека Европа ќе мора да инвестира во својата надворешна граница во Полска бидејќи тоа е и инвестиција во европската безбедност.
„Нема ограничување на средствата кога станува збор за безбедноста на Полска. Како што рековме дека нема да штедиме на оружје и армиска опрема, сакам да кажам и дека нема да заштедиме на безбедноста на границите, не само кога станува збор за инфраструктурата, туку и за опремата за секој војник“, рече Туск.
Полскиот премиер предупреди дека се засилува притисокот на илегалната миграција од Белорусија, која како дел од хибридната војна против Полска ја организира режимот на соседна Белорусија.
„Се зголемуваат обидите за илегално преминување на границата, како што очекувавме“, рече Туск.
Тој го изрази и своето разбирање за хуманитарните организации „кои им помагаат на бегалците да ја надминат оградата на границата со Белорусија“ и да влезат во Полска затоа што, како што рече, оваа злоупотреба на несреќата на луѓето и организирањето илегална миграција од Белорусија предизвикува големи емоции.
Туск, сепак, вети дека неговата влада ќе подготви измени на законот со цел граничарите, војниците и полицајците да имаат чувство на правна сигурност во нивните гранични активности.
Регион
Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија
На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.
За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.
„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.
Свет
(Видео) Големи поплави во Авганистан, бројот на загинати расте
Три авганистански провинции се погодени од разорни поплави, соопштија денеска властите, додавајќи дека најмалку 153 лица загинале.
Провинцијата Баглан го сноси најголемиот дел од катастрофата. Официјалните лица се обидуваат да го утврдат точниот број на жртви, а Министерството за внатрешни работи соопшти дека има најмалку 153 загинати, а уште 100 лица се повредени.
Официјални лица во соседната провинција Тахару објавија повеќе од 20 смртни случаи, додека провинцијата Бадакшан потврди два смртни случаи и две исчезнати лица. Поплавите предизвикаа уништување на имотот и земјоделството во сите погодени подрачја.
#Afganistan’ın kuzeybatısında bulunan Bağlan vilayetinde şiddetli yağışlar nedeniyle meydana gelen sel felaketinde, 5 yerleşim yeri sular altında kaldı.
⚫️ İlk belirlemelere göre en az 33 can kaybı yaşanırken, 60 kişi yaralandı. pic.twitter.com/5gNEJKW2BK
— Afroasya Today (@afroasyatoday) May 10, 2024
Авганистанското Министерство за здравство во соопштение потврди дека телата на жртвите се пренесени во регионалните болници, но ги нагласи тековните напори за утврдување на точниот број на жртви, бидејќи размерите на човечките загуби остануваат нејасни.
Спасувањето е отежнато поради непристапноста на погодените подрачја. Испраќањето на копнени спасувачки тимови се покажа неуспешно, што го натера авганистанското Министерство за одбрана да распореди хеликоптери за операции за пребарување и спасување, како и за транспорт на потенцијални жртви.
Жителите на Баглан ги окарактеризираа поплавите како поголеми од сите претходни.
Авганистан веќе некое време постојано е зафатен од поплави. На почетокот на неделата имаше загинати и разурнувања во делови од земјата по обилните врнежи. Најмалку 70 луѓе ги загубија животите во поплавите минатиот месец.
Експертите ја обвинуваат климатската криза. По децении војни и конфликти, земјата едвај има средства да ги ублажи ефектите од климатските промени.