Свет
(Видео) Голем пожар во најпознатиот затвор во Иран, истрели и повредени
Доцна синоќа избувна голем пожар во озлогласениот затвор Евин во Иран во кој се сместени политички затвореници, новинари и странски државјани. Одекнаа и истрели и експлозии.
Според последните информации осум лица се повредени, но се уште не се знае зошто и како избувнал пожарот. Иако иранските власти се смирени, на интернет продолжуваат да се појавуваат видеа кои фрлаат сомнеж во нивните зборови.
I lived in Atisaz towers, across from Evin prison. I spoke now to a friend there and could hear-as reflected in this video-cries of 'death to Khamenei' and gunshots. Evin is full of political prisoners, including US citizens. Their families are terrified. pic.twitter.com/Xmvug6w2VK
— Karim Sadjadpour (@ksadjadpour) October 15, 2022
На интернет се појавија видеа на кои се гледа како пламен и чад дивеат од озлогласениот затвор во иранската престолнина. Истрели и експлозии се слушаат од затворот Евин. Иако според снимката, се чини дека пожарот продолжува, официјалниот претставник за локалните медиуми изјавил дека ситуацијата е под контрола, пренесе „Би-Би-Си“.
Иран веќе неколку недели се соочува со антивладини протести. Тие прво избувнаа поради смртта на 22-годишната Маша Амини, која почина од рацете на иранската морална полиција. Тамошните власти соопштија дека девојчето починало од срцев удар, но нејзиното семејство ги оспорува наводите и тврди дека таа починала како резултат на полициска бруталност.
We don’t know yet who started the fire now in Tehran’s notorious Evin prison, but we know the murderous Ayatollah regime is burning to the ground. pic.twitter.com/6lQ8RGGZ9E
— Hillel Neuer (@HillelNeuer) October 15, 2022
Според британските медиуми, се уште не се знае дали инцидентот во затворот е поврзан со неодамнешните протести. Но, може да бидат, бидејќи неколку стотици демонстранти беа затворени во самиот затвор Евин. Гувернерот на Техеран за државната телевизија изјави дека дошло до неред во едно од крилата на затворот каде што се затвораат ситни криминалци, но дека ситуацијата сега е целосно мирна.
Сепак, ситуацијата во затворот се уште е нејасна, бидејќи на интернет продолжуваат да се појавуваат видео снимки од пожарот и истрелите. Други објави покажуваат како затвореници се качуваат на покривот на затворот.
Според државната агенција ИРНА, во пожарот се повредени осум лица.
Семејствата на некои затвореници рекоа дека не можеле да стапат во контакт со нивните роднини како што инаку би можеле да стапат, а дека и интернет-врската во затворот била прекината.
Затворот долго време е цел на критики од западните групи за човекови права. Хјуман рајтс воч ги обвини затворските власти за закани со тортура и неопределено затвор, како и долги испрашувања и одбивање медицинска нега на затворениците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

