Свет
(Видео) Гренел: Вистинската власт во САД е во рацете на Сузан Рајс
Во реалноста САД не ги води претседателот Бајден, па дури ни потпретседателката Камала Харис, изјави поранешниот шеф на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел.
Според него, целата власт е во рацете на Сузан Рајс, која е во администрацијата на чело на Советот за внатрешна политика на Белата куќа, пренесе „Спутник“.
Гренел рече дека Рајс е експерт за надворешна политика и не знае ништо за внатрешната политика, но тоа е јасен знак за тоа како ќе се третираат прашањата од надворешната политика во Вашингтон – исто како и прашањата од внатрешната политика, рече тој.
Затоа настана хаос на меѓународната сцена, тврди блискиот соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
.@RichardGrenell on the far-Left’s control of the Biden admin:
“Biden is too weak to stop the progressive Left from taking over…Kamala does not understand what’s going on…We have a shadow president in Susan Rice and no one is paying attention.” pic.twitter.com/8vyEJheUOx
— CPAC 2021 (@CPAC) May 12, 2021
Рајс порано беше соработник на претседателот Барак Обама. Се очекуваше, според извештаите на медиумите, таа да биде назначена за државен секретар на САД.
Пред два дена повеќе од 120 пензионирани американски генерали потпишаа отворено писмо во кое го критикуваа американскиот претседател, Џозеф Бајден.
Во писмото се вели дека нацијата е во длабока опасност.
„Менталната и физичката состојба на врховниот командант (вооружените сили на САД, Џо Бајден) не може да се игнорира. Тој мора да биде во можност бргу да донесе правилни одлуки во областа на националната безбедност, каде и да било, дење и ноќе“, велат авторите на писмото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Америка го распарчува светот
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.
Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.
„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.
Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.
Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.
„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.
Свет
„Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците“, предупреди Макрон
Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.
„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени. Франција ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна денес во Белата куќа со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.
Свет
Јапонската премиерка ќе го распушти парламентот и ќе свика предвремени избори
Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да свика предвремени општи избори, изјави во среда генералниот секретар на нејзината владејачка партија.
Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија, за новинарите по состанокот со премиерот во среда.
Како прва жена премиер во Јапонија, Такаичи сака да го искористи порастот на јавната поддршка за нејзината влада откако ја презеде функцијата во октомври за дополнително да го зајакне своето парламентарно мнозинство.
Сузуки рече дека изборите ќе им овозможат на гласачите да одлучат за новата коалиција на Либерално-демократската партија со десничарската Јапонска партија за иновации (ЈИП), позната како Ишин. Минатата година, Такаичи ја прекина соработката со долгогодишниот коалициски партнер Комеита.
„Една од причините за распуштањето на парламентот е тоа што претходните избори беа одржани под владите на Либерално-демократската партија и Комеита; јавноста сè уште не го дала својот став за промената на нашиот коалициски партнер“, рече Сузуки.

