Свет
(Видео) Грузија: Протестите на црквата спречија да се усвои законот за канабис
Масовните протести организирани од црквата ја спречија грузиската влада да го донесе законот за легализација на одгледувањето канабис во медицински цели.
Претседателот на грузискиот парламент, Иракли Кобахиџе, изјавил дека власта нема да преземе избрзани потези додека не ѝ објасни на јавноста за што навистина станува збор.
„Се шират лажни вести, така што мораме да посветиме внимание на информирањето на јавноста и тогаш заедно да одлучиме“, рекол тој и додал дека противниците на законот шират дезинформации дека ќе бидат укинати сите рестрикции во врска со наркотиците.
Министерството за внатрешни работи на почетокот на месецов потврди дека бара одгледувањето канабис да се легализира само за извоз во земјите во кои марихуаната се користи во медицински цели, а продажбата внатре во земјата ќе остане кривично дело.
Расправата за законот ова лето предизвика протести по што полицијата спроведе серија рации во ноќни клубови во Тбилиси за кои противниците на законот тврдат дека примаат само геј-клиенти.
Владата тврди дека нема ништо против ЛГБТ-заедницата, но за црквата и нејзините сојузници прашањето за либерализација на канабисот е тесно поврзано со прашањето за геј-правата.
Свештеникот Андрија Џагмаидзе за Би-би-си изјави дека ЛГБТ-пропагандата промовира либерализација на наркотиците, што, според него, е спротивно на учењето на црквата.
„Власта треба на оваа работа да ѝ пријде одговорно, а не да ја препушти на приватниот сектор. Ако законот се усвои, ќе биде тешко да се контролира примената и наркоманите од странство ќе доаѓаат во Грузија за да уживаат во слободата“, рекол грузискиот патријарх Лија Втори во својот проповед минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големиот пожар во Нови Пазаре локализиран
Локализиран е пожарот што избувна ноќеска околу два часот по полноќ во Нови Пазар и зафати неколку магацини на текстилна компанија и деловни простории, соопшти попладнево МВР на Србија.
Како што наведува МВР на Србија во соопштение, во пожарот нема повредени, а истрагата е во тек.
Во гаснењето на пожарот учествувале 59 пожарникари-спасувачи со 19 противпожарни возила од Нови Пазар, Тутин, Сјеница, Ивањица, Крагуевац, Чачак, Рашка и Краљево, членови на Доброволното противпожарно друштво на Нови Пазар и Јавното комунално претпријатие во овој град, додека полицајците од Нови Пазар го обезбедувале местото на пожарот.
Командантот на противпожарно-спасувачката единица на Нови Пазар изјави дека станува збор за најголемиот пожар што некогаш го погодил Нови Пазар, а дека материјалната штета е огромна.
На граѓаните во Нови Пазар им се препорачува да бидат внимателни, да го избегнуваат подрачјето зафатено од пожарот и да ги следат официјалните информации. Надлежните служби остануваат на терен додека пожарот не биде целосно изгаснат и ситуацијата не биде прогласена за безбедна.
Свет
Завршија преговорите меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев во Абу Даби
Во Абу Даби предмалку завршија преговорите за безбедноста на Украина меѓу делегациите на Москва, Вашингтон и Киев, јавијха руските медиуми.
Руската работна група, предводена од началникот на Генералниот директорат на Генералштабот на вооружените сили, адмирал Игор Костјуков, се врати во хотелот, додаваат руските медиуми.
Претходно, агенцијата ТАСС, повикувајќи се на информиран извор, објави дека преговарачките тимови во Абу Даби проучуваат и разгледуваат неколку документи за мирот во Украина, додавајќи дека „се разгледуваат и територии и гаранции и други аспекти“.
Официјални лица потврдија дека ова беше првиот состанок од почетокот на војната, пред речиси четири години, на кој присуствуваат сите три земји.
Разговорите меѓу украинската, руската и американската делегација во Абу Даби за постигнување мирно решение за Украина, кои започнаа вчера, продолжија утрово, исто така зад затворени врати.
Американскиот пратеник Стив Виткоф, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, како и секретарот на армијата во Министерството за одбрана на САД, генерал Даниел Дрискол, исто така учествуваа на трилатералните разговори во Абу Даби, а по средбата тие веднаш отпатуваа за Израел, каде ќе разговараат за иднината на Газа.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера потврди дека контроверзното прашање за територијата на Донбас било дискутирано на состанокот во Абу Даби.
Територијалните прашања остануваат точка на спор, бидејќи Русија бара Украина да ги предаде 20-те проценти од територијата на Доњецк што сè уште ја држи, додека Зеленски одби да се откаже од таа територија.
Свет
Се трага по четворица исчезнати мигранти кај грчкиот остров Икарија
Во близина на островот Икарија пристигнале околу 50 мигранти, но четворица од нив исчезнале. Поради ова била активирана спасувачка акција од страна на крајбрежната служба на Грција која е во тек од рано утрово за пронаоѓање на лицата.
Во потрагата се вклучени еден патролен брод, брод за пловење на отворено море, хеликоптер и приватен брод.

