Свет
(Видео) Гувернерот на Калифорнија: Ќе го тужам Трамп за распоредувањето на Националната гарда
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, вели дека ќе го тужи Доналд Трамп за распоредување на трупи на Националната гарда во Лос Анџелес без да се консултира со него.
„Постои протокол, има процес, не му беше гајле за тоа“, рече Њусом во интервју за MSNBC, додавајќи дека планира да поднесе тужба во понеделник наутро.
Тој го обвини Трамп дека е „ладнокрвен лажго“ откако двајцата разговараа во петокот, а Трамп наводно не го споменал распоредувањето на Националната гарда.
Њусом, исто така, рече дека Трамп е спонзор на моменталните услови во Лос Анџелес, додавајќи дека властите во Калифорнија се обидуваат да го исчистат „неговиот хаос“.
Гувернерот ги повика демонстрантите да останат смирени и да не „се фаќаат за мамката на Трамп“. „Не му го давајте изговорот што го бара“, рече тој.
Шеф на полицијата во Лос Анџелес: Распоредувањето на Националната гарда е наредено од врвот
Десетици демонстранти беа уапсени за време на судирите со полицијата во центарот на Лос Анџелес, изјави началникот на полицијата во Лос Анџелес, Џим Мекдонел, за новинарите на прес-конференција.
„Нашата работа не е да ги делиме заедниците или да ги политизираме органите за спроведување на законот. Нашата работа е едноставно да ја заштитиме безбедноста на сите“, рече Мекдонел.
"The Los Angeles Police Department does not participate in or coordinate with Immigration and Customs Enforcement on civil immigration enforcement."- LAPD Chief McDonnell pic.twitter.com/Cf7xFft2Qg
— KTLA (@KTLA) June 9, 2025
Тој се осврна на „длабокиот страв и вознемиреност“ во заедницата што произлегоа од неодамнешните имиграциски рации и рече дека одделот е „посветен на транспарентност, одговорност и третирање на секој жител на Лос Анџелес со почит, без оглед на нивниот имиграциски статус“.
Мекдонел, исто така, рече дека полицијата би „поминала низ серија чекори“ пред да побара распоредување на Националната гарда, но наредбата, додаде тој, дошла од врвот.
Гувернерот на Калифорнија до „граничниот цар“ на Трамп: Дојдете по мене, уапсете ме
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, остро одговори на заканите од „граничниот цар“ на Трамп, кој рече дека не ја исклучил можноста за апсење на Њусом за попречување на спроведувањето на имиграциските закони.
🇺🇸🇲🇽⚡️- Governor Newsom on MSNBC challenges Tom Homan to arrest him.#USA #losangelesprotest #downtownla https://t.co/0GwfUtcmT0 pic.twitter.com/wjd3jy2AQF
— Global War Report. (@GlobeWarReport) June 9, 2025
„Дојдете по мене, уапсете ме, ајде да завршиме со ова, човече“, рече Њусом на MSNBC.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

