Свет
(Видео) Два воени авиони се судрија во Франција, пилотите се спасија

Два авиони од француската аеробатска група Patrouille de France се урнаа за време на пробни летови и акробации, објави француското воздухопловство.
Тројца пилоти од двата авиони успеале да се катапултираат и биле пронајдени живи и свесни.
Несреќата се случила за време на вежба во близина на воздухопловната база 113 во Сен Дизие.
🚨🇫🇷✈️ ALERTE INFO – Deux avions de la Patrouille de France sont ENTRÉS EN COLLISION et se sont ÉCRASÉS dans l’est de la France. (AFP) pic.twitter.com/N6rLOQdcSD
— AlertesInfos (@AlertesInfos) March 25, 2025
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Сѐ повеќе луѓе во Германија земаат кокаин: „Се доставува како пица“

Кокаинот некогаш бил статусен симбол на богатите.
Денес го консумираат луѓе од сите сфери на животот. Експертите велат дека оваа дрога е сеприсутна во Германија. А тоа има многу сериозни последици по здравјето на граѓаните, пишува Дојче веле.
„Едвај постои социјална група во која не се користи кокаин“, вели Хајке Зурхолд, социолог и криминолог во Центарот за истражување на зависности (ЗИС) во Хамбург.
Во изминатите десет години, според ЗИС, повеќе од двојно е зголемен бројот на возрасни во Германија кои консумираат кокаин. Алармантно зголемување на бројот на корисници на кокаин регистрира и здравственото осигурување „Бармер“. Бројот на луѓе кои примаат третман за злоупотреба на кокаин е тројно зголемен во изминатите десет години, тврди Бармер.
„Наместо пица, доставувачот носи кокаин“ А колку масовно е зголемена потрошувачката на кокаин, покажува и анализата на канализацијата во германските градови. Откриени се зголемени концентрации на остатоци од кокаин. Полициските и царинските власти секоја година бележат зголемени количини на запленета дрога. Во 2017 година во Германија беа запленети осум тони кокаин, во 2023 година веќе 43 тони – и сето тоа во реалноста е само мал дел од она што всушност завршува на пазарот.
Свет
Брод со руски екипаж се запали во Јужна Кореја, повеќе повредени

Шест руски морнари повредени во пожар на товарен брод во Јужна Кореја. Според руски LIFE, бродот се наоѓал на осум километри јужно од пристаништето Гамчеон во Бусан.
Според извештајот, пожарот избувнал околу 7:14 часот по локално време на брод што се користел за транспорт на лесно расиплива стока, а на него имало 23 членови на екипажот од Русија. На помош на морнарите дошол патролен брод на поморската полиција во Бусан, кој патролирал во близина.
На местото на пожарот биле повикани и Централната поморска спасувачка група и крајбрежната стража.
Целиот екипаж бил спасен, а пожарот бил изгаснат околу 08:00 часот. Шест морнари се префрлени во болница, на двајца им се констатирани сериозни повреди и изгореници. Прелиминарната причина е дефект на моторот, а точната причина за пожарот се утврдува. Самиот брод е префрлен во пристаништето Бусан со шлепер и ќе исплови по поправките.
Европа
Загина руска воена репортерка, налетала на нагазна мина во регионот на Белгород

Воената репортерка на рускиот Канал 1, Ана Прокофјевa, настрада во регионот на Белгород, додека снимателот Дмитриј Волков, кој ја придружувал, е повреден, јавува руската државна новинска агенција Тасс.
„Ана Прокофјева, воен дописник на Канал 1, загина додека ја вршеше својата професионална должност. Ова се случи во регионот Белгород на границата со Украина, каде што екипа на Канал 1 беше разнесена од непријателска мина. Снимателот Дмитри Волков, кој беше со Ана, е повреден“, изјави портпаролот на каналот.
Прокофјева имаше 35 години. Дипломирала новинарство на Универзитетот РУДН во Москва и течно зборувала шпански. Таа работеше за Канал 1 од 2023 година, покривајќи ја зоната „специјални воени операции“.
Инаку, руските воени блогери пред два дена на Телеграм објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка во Белгородската област.
„Населбата сега е под контрола на вооружените сили на Украина“, напиша воениот блогер Владимир Романов, познат како Романов Лајт на Телеграм.