Свет
(Видео) Два кинески брода се судрија при потера по филипински брод
Кинески воен брод се судри со брод на кинеската крајбрежна стража додека гонеше филипински патролен брод во Јужното Кинеско Море денес, соопшти Манила објавувајќи драматични снимки од инцидентот.
„Инцидентот се случил во близина на спорниот Скарборо Шол додека филипинската крајбрежна стража ги придружувала бродовите што дистрибуирале помош на рибарите во областа“, изјави портпаролот на филипинската крајбрежна стража, комодорот Џеј Тариела.
Видеото објавено од Манила го прикажува бродот на кинеската крајбрежна стража и многу поголем брод со број 164 на трупот како се судираат со силен тресок.
Here is a longer video capturing the collision between the PLA Navy 164 and the China Coast Guard 3104. The Philippine Coast Guard (PCG) has consistently urged the Chinese government to respect the COLREGS and to approach these matters with professionalism, especially considering… https://t.co/n7vcU4lGWq pic.twitter.com/cHU7rG2wAj
— Jay Tarriela (@jaytaryela) August 11, 2025
„Бродот на кинеската крајбрежна стража CCG 3104, кој го гонеше бродот на филипинската крајбрежна стража BRP Suluan со голема брзина, направи ризичен маневар кон десната страна на филипинскиот брод, што резултира со судир со воениот брод на кинеската морнарица“, рече Тариела.
„Ова резултира со значително оштетување на предниот дел на CCG, што го направи неспособен за пловидба“, додаде тој.
фото: принтскрин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Би-би-си: Европските лидери стравуваат да не ја изгубат поддршката на Трамп поради Гренланд
На состанокот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ во Париз, посветен на мировниот план за Украина, во фокусот неочекувано се најде зголемената тензија околу Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп сака да го стави под контрола на САД, пишува Би-Би-Си.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека планот за мир е „90 отсто завршен“, европските лидери избегнувале директна конфронтација со Трамп, стравувајќи од губење на американската поддршка. По заедничка изјава на шест европски земји дека иднината на Гренланд треба да се решава колективно во рамки на НАТО и дека одлуката ѝ припаѓа на Данска, Белата куќа возврати дека „разгледува низа опции“, вклучително и купување на островот.
Дополнителна загриженост предизвика изјавата дека употребата на американската војска „секогаш е опција“. Европските лидери предупредуваат дека ваквите закани ја доведуваат во прашање довербата во трансатлантскиот сојуз и ја откриваат слабоста и поделеноста на Европа. Според експерти, ситуацијата околу Гренланд претставува сериозен тест за ЕУ и егзистенцијална дилема за НАТО.
Фото: Depositphotos
Свет
САД ја проширија листата на држави: гаранција до 15.000 долари за американска виза
Државјаните на уште 25 земји, меѓу кои и Венецуела, може да мора да положат гаранција до 15.000 долари за да добијат американска виза, соопшти американскиот Стејт департмент. Со ова, листата опфаќа вкупно 38 држави, претежно од Африка, Латинска Америка и Јужна Азија. Новите правила стапуваат на сила на 21 јануари.
Гаранцијата ќе изнесува 5.000, 10.000 или 15.000 долари и ќе се утврдува при интервјуто за виза Б1/Б2, а уплатата ќе се врши преку платформата Pay.gov. Мерката е дел од пилот-програма започната во август, чија цел е да се спречи пречекорување на дозволениот престој.
Администрацијата на Доналд Трамп ја оправдува мерката со зајакнување на безбедноста, додека организациите за човекови права ја критикуваат како рестриктивна.
Фото: pexels
Свет
Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите
Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави вчера американскиот претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека ова ќе го пренасочи снабдувањето од Кина и дека Венецуела ќе избегне големи намалувања на производството на нафта.
Трамп изјави дека договорениот обем е помеѓу 30 и 50 милиони барели нафта под санкциите на САД.
Според него, нафтата ќе се продава по пазарна цена, а приходите ќе бидат контролирани од САД. Спроведувањето на договорот го води американскиот секретар за енергетика Крис Рајт, а нафтата ќе биде насочена од танкерите директно кон американските пристаништа.
Поради извозното ембарго воведено во средината на декември, Венецуела има милиони барели нафта складирани на танкери и во резервоари што не можеше да ги испорача. Дел од испораките што сега треба да завршат во САД првично беа наменети за Кина, најголемиот купувач на венецуелска нафта во последните години.
Цените на суровата нафта во САД паднаа за повеќе од 1,5 проценти по објавувањето на договорот, поради очекувањата за зголемување на количината на венецуелска нафта на американскиот пазар.
Извозот на венецуелска нафта во САД моментално е целосно контролиран од „Шеврон“, единствената американска компанија со лиценца за извоз, која испорачува помеѓу 100.000 и 150.000 барели дневно. Не е познато дали Венецуела ќе има пристап до приходите од продажбата, бидејќи сметките на државната нафтена компанија PDVSA се замрзнати поради санкциите на САД.
Венецуела ја продава својата главна мешавина „Мери“ со попуст од околу 22 долари за барел во однос на „Брент“, со што вредноста на договорот изнесува максимум 1,9 милијарди долари.
Министерот за внатрешни работи на САД, Даг Бургум, изјави дека зголемениот проток на тешка венецуелска нафта до рафинериите на брегот на Мексиканскиот Залив би бил корисен за американскиот пазар на гориво и за венецуелската економија. Американските рафинерии во областа увезуваа околу 500.000 барели венецуелска нафта дневно пред воведувањето на санкциите.

