Свет
(Видео) Две експлозии и пукање во луксузен комплекс во Најроби

Пукање и две експлозии одекнаа денеска во луксузен хотелски комплекс во главниот град на Кенија, Најроби, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
„Најпрвин слушнавме пукање, а потоа и експлозија и видовме луѓе како бегаат со кренати раце“, рекла жена очевидец на настанот, инаку вработена во една од околните згради.
gunshots and gunfire Westlands nairobi pic.twitter.com/qCLjTBtPNk
— plutus (@andyscrolls) January 15, 2019
Полицијата објави дека ја блокирала областа околу комплексот.
Huge fire , shootout near Dusit D 2 hotels. Armed police on site pic.twitter.com/Xg0ON5rZXk
— FERDINAND OMONDI (@FerdyOmondi) January 15, 2019
Иако првично имало сомнежи дека станува збор за грабеж, терористичката група Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.
Во моментот нема информации за жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Британка тврди дека ја силувал полицаец пред колегите во Франција, ја затекнале пијана на улица

Жена од Велика Британија пријавила дека ја силувал полицаец во Обањ, близу Марсеј. Таа раскажала дека тројца полицајци ја запреле додека пијана талкала низ улица, по што еден од нив ја нападнал на задното седиште од возилото пред барем еден колега.
Следниот ден поднела пријава, а обвинителството отвори истрага. Тројцата полицајци се уапсени: еден е обвинет за силување и останува во притвор, вториот за пропуст да спречи кривично дело е под судски надзор, а третиот има статус на сведок под надзор, пренесе „Дејли мејл“.
Случајот следи неколку месеци по друг напад – кога британска туристка во Париз тврдела дека таксист повеќепати ја силувал во автомобил, откако ја однел во Булоњската шума наместо до нејзиниот апартман. Жената успеала да побегне и со помош на минувач стигнала до полиција, по што добила лекарска помош и била хоспитализирана.
Свет
Полската воена полиција пронајде делови од ракета во источниот дел од земјата

Полската воена полиција денес објави дека во источниот регион на Лублин се пронајдени сомнителни фрагменти од ракета, за кои се верува дека биле употребени за соборување на беспилотно летало.
Ова откритие се случи повеќе од една недела откако Полска, со поддршка на авионите на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор, објави ПАП.
Воената полиција објави дека денес ќе се изврши детално форензичко испитување на објектот, пренесува Танјуг.
Полска минатата недела објави дека нејзиниот воздушен простор бил нарушен за време на нападот на руски беспилотни летала во ноќта помеѓу вторникот и средата, додека Русија ги продолжи нападите врз Украина.
Руските власти ги негираа тврдењата дека беспилотните летала ја имале за цел Полска, нагласувајќи дека нападите не биле насочени кон таа земја.
Фото: принтскрин
Свет
Полска купува 2.500 ракети од САД

Соединетите Американски Држави ја одобрија продажбата на 2.506 противоклопни ракети FGM-148F „Џавелин“ и 253 лесни командно-лансирни уреди (LWCLU) на Полска, во вредност од околу 780 милиони долари. Пакетот опфаќа и обука, логистичка поддршка, резервни делови и техничка асистенција.
„Џавелин“ е пренослив систем, дизајниран за уништување на тенкови и лесно оклопни возила. Оружјето стана симбол на украинската одбрана во првите месеци од руската инвазија во 2022 година.
Одлуката доаѓа по неодамнешниот упад на околу 20 руски дронови во полскиот воздушен простор, кога полските и сојузничките авиони соборија дел од нив – настан означен како прв преседан од ваков тип во НАТО земја.
Полска и Украина најавија заеднички програми за обука во противдронска одбрана, додека паралелно европските држави ги зголемуваат воените набавки, а новата трансатлантска шема PURL обезбедува дополнителна воена помош за Киев.