Свет
(Видео) Десетици илјади ултрадесничари на парадата на независноста повикаа на „Полска интифада“
Десетици илјади полски националисти излегоа на улиците на Варшава на годишниот марш на крајната десница во чест на независноста на земјата, при што многумина прикажаа симболи на белата надмоќ и мавтаа со „бенгалки“ и со тики-факели, пренесува РТ.
Демонстрантите носеа полски знамиња и извикуваа „Не за Европската Унија“ и „Господ, чест, татковина!“ меѓу другите ултранационалистички слогани. Демонстрантите со црни качулки и со транспаренти повикуваа на „полска интифада“ и го осудија ционизмот.
Демонстрантите го одбележуваа воспоставувањето на втората полска република во 1918 година, формирана по Првата светска војна од делови на Германија, Австрија и на Русија.
Учесниците, собрани во центарот на Варшава, беа предупредени од организаторот Роберт Бакиевич дека светот „ги напуштил Бога и христијанството“ и дека Полска ќе умре „како што умираат народите од западна Европа“, пренесе Ројтерс.
Маршот, исто така, ги привлече активистите за борба против абортусот и против ЛГБТ, при што некои демонстранти извикуваа поддршка за „нормалното семејство“, објави веб-страницата „Ноутс фром Поланд“.
Анти-миграцијата беше уште една главна тема на настанот, при што Зјемовит Пжебитковски од ултранационалистичката „Сеполска младинска група“ им рече на Полјаците дека е важно да се поттикне националниот морал и да се запре масовната миграција.
„Маршот на независноста“ го привлече вниманието и учеството на екстремно десничарските групи и фигури од целиот свет. Оваа година учествуваа активисти од екстремно десничарската италијанска група „Форца нуова“ и тврдокорни активисти од Унгарија. Во меѓувреме, помал антифашистички протест организиран од левичарските групи се одржа по рутата на главниот марш, а демонстрантите држеа голем транспарент на кој пишуваше „Устав“, симбол на спротивставување на сегашната десничарска националистичка влада. „Нацисти исчезнете“, гласеше друг транспарент на опозицијата.
As well as the main Independence March, which is organised by the far right, there is also a much smaller anti-fascist march taking place nearby in Warsaw, organised by left-wing groups pic.twitter.com/B7hpVDSZDN
— Notes from Poland ?? (@notesfrompoland) November 11, 2019
Полска се повеќе се поларизира откако националистичката партија Закон и правда (ПиС) ја презеде власта пред четири години ветувајќи заживување на патриотизмот и традиционалните католички вредности. ПиС е обвинета дека ги игнорира растечкиот ултранационализам и антисемитизам.
Полскиот претседател Анджеј Дуда во понеделникот упати апел за единство, повикувајќи на една заедничка татковина, над сите поделби, но призна дека во слободна и демократска Полска се дозволени различни идеологии и верувања.
Овогодинешниот настан беше значително помал од минатогодишниот, кога се одбележа стогодишнината од независноста на Полска и на кој учествуваа околу 200.000 луѓе, вклучително и самиот Дуда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, не е во Техеран и е преместен на безбедна локација, изјави денеска официјален претставник.
Медиумите објавија дека и иранскиот претседател Масуд Пезизкијан е исто така безбеден.
Веста дојде откако Израел соопшти дека започнал превентивен напад врз Иран, а во Техеран беа пријавени експлозии.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги отстрани заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Израел ја нарече својата воена операција против Иран „Рикот на лавот“, а одлуката за името ја донесе израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Техеран се подготвува за одмазда откако Израел денеска започна напад врз Иран, а одговорот ќе биде „разорен“, изјави ирански официјален претставник.
Свет
Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“.
Во видеото, Трамп потврди дека САД започнале „големи борбени операции“ против Иран.
Тој исто така вели дека целта на кампањата е да се „заштити американскиот народ“ и да се елиминираат непосредните закани што ги претставува иранскиот режим, кој го нарече „злобна група многу ужасни луѓе“.
Тој нагласи дека заканувачките активности на Иран директно ги загрозуваат САД, нивните трупи, бази во странство и сојузниците низ целиот свет.
„Иранскиот режим скандира „Смрт за Америка“ веќе 47 години и води немилосрдна кампања на крвопролевање и масовни убиства, насочени кон САД, нашите трупи и невини луѓе во многу земји“, рече Трамп.
Израелскиот министер за одбрана Израел Кац претходно изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран за да ги елиминира заканите за безбедноста на земјата и дека е прогласена вонредна состојба низ целата земја.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка операција на САД и Израел.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информации од иранската опозиција.
Свет
САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран
САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“.
Според израелски безбедносен извор, тековниот напад е заедничка американско-израелска операција.
Непотврдени извештаи укажуваат дека една од целите на нападот е иранскиот претседателски комплекс, како и домовите на иранските лидери, според информациите од иранската опозиција.
Нападите се насочени и кон локации од кои Иран може да го загрози Израел.
Досега не е пријавен ракетен истрел врз Израел, но населението е повикано да остане во близина на засолништата, иако сè уште не е потребно да се влезе во нив.

