Свет
Диви слонови ги напаѓаат бегалските кампови на Рохинџа во Бангладеш и убиваат луѓе

Најмалку 12 луѓе од народот Рохинџа, меѓу кои и деца, изминатиот месец биле убиени од диви слонови што ги нападнале нивните кампови во Бангладеш.
Кампот сочинува речиси 700.000 члена на муслиманската заедница, кои минатата година ги напуштија своите домови во Мјанмар поради верско прогонство.
Проблемот е во големите кампови што го зафатиле со векови стариот предел на слоновите. Поради тоа, тие се уплашени и напаѓаат. Според информациите, сè уште не загинал ниту еден див слон.
ОН обучуваат тимови што треба да се справат со слоновите, да ги пренасочат на другата страна од камповите, со цел да нема нови жртви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Небензија: Само Европа сака конфликтот во Украина да продолжи

Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи и прави се што може за да се спротивстави на неговото решавање, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензија.
– Европа во моментов е единствениот играч на меѓународната сцена кој сака конфликтот во Украина да продолжи. Русија ги повикува сите оние кои навистина сакаат траен мир да не му дозволат на владетелот на Киев, чиј мандат е истечен, и оние кои ги влечат неговите конци да ги попречат руските и американските напори за решавање на конфликтот“, рече Небензија.
Тој додаде дека Русија исто така ги повикува Европејците кои го задржале својот здрав разум да се дистанцираат од злосторствата на режимот на Владимир Зеленски и властите во Киев.
Според него, резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина претставува почетна точка за понатамошни напори за решавање на украинската криза.
– Усвоениот текст го гледаме само како почетна точка за понатамошни напори за мирно решавање на украинската криза. Текстот што сега е усвоен не е идеален, но во суштина е прв обид да се усвои конструктивен и прогресивен производ на Советот, кој зборува за патот кон мирот, а не за поттикнување конфликти – оцени тој.
Генералното собрание на ОН усвои антируска резолуција за Украина, при што 93 земји гласаа за, 18 против, а 65 беа воздржани.
Резолуцијата беше подготвена од Украина во соработка со повеќе од 50 земји, но за прв пат без поддршка од САД.
Антирускиот текст на резолуцијата бара Москва „веднаш, целосно и безусловно“ да ги повлече сите свои вооружени сили од украинска територија. Тој исто така го содржи традиционалниот едностран повик до Руската Федерација да ги прекине непријателствата.
Свет
Германски министер: Г7 повеќе нема да ја прифати Русија

Германскиот министер за надворешни работи Јорг Кукис денеска изјави дека Русија нема да биде повторно примена во групата Г7, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал Русија да се врати во Г7.
„Г7 јасно ја осуди агресивната војна на Русија, особено на третата годишнина од бруталниот напад на Русија“, рече Кукис во интервју за Ројтерс.
Според него, предлогот на Трамп за враќање на Русија во Г7 нема да биде едногласно усвоен.
Американскиот претседател кон средината на февруари изјави дека би сакал Русија повторно да биде дел од Г7, велејќи дека исфрлањето на Москва од групата било грешка.
– Би сакал да се вратат. Не е важно дали ви се допаѓа Русија или не. За нив постојано се зборува, а и тие треба да седат на нашата маса. Мислам дека Путин би сакал да се врати“, рече тогаш Трамп.
Групата Г7 ја сочинуваат САД, Велика Британија, Канада, Франција, Италија, Германија и Јапонија.
До 2014 година и Русија беше членка на Г7, а тогаш групата беше наречена Г8.
Европа
Зеленски ја предупреди Европа: „Ако Украина падне, овие земји се следните цели на Москва“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, честитајќи ѝ го Денот на независноста на Естонија, предупреди дека земјите со поголемо население од руско потекло би можеле да станат следна цел на Москва.
Како што наведува, најопасниот момент се случува кога источноевропските земји имаат население со „руски корени“ – не затоа што тие луѓе претставуваат закана, туку затоа што Кремљ би можел да ја искористи нивната безбедност како изговор за инвазија.
Тој ги наведе Полска, Словачка, Латвија, Молдавија и Естонија меѓу потенцијално загрозените земји, потсетувајќи на слично сценарио од 2014 година кога Русија го анектираше Крим и започна инвазија на Донбас, пишува „Скај Њуз“.
„На почетокот тврдеа дека не ги окупираат нашите територии, туку го бранат рускиот народ“, рече Зеленски, нагласувајќи дека во случај на пораз на Украина, сите горенаведени земји би можеле да бидат изложени на ризик поради руската политика и концептот на „рускиот свет“.
Зборувајќи за иднината по три години војна, украинскиот претседател изрази надеж дека конфликтот ќе заврши оваа година, а не за три. Тој ја истакна важноста на безбедносните гаранции за да се спречи враќањето на руските сили.
„Ако ги притискаме, ги вратиме на нивната територија и ако Украина стане членка на ЕУ и НАТО, тоа многу ќе ни помогне. Мислам дека тогаш нема да се вратат – ќе имаме силна армија, силни сојузници и силно единство“, заклучи Зеленски.