Свет
(Видео) Евакуирани семејствата на последните борци од ИД – нивните сопруги се заканија со крв до колена
На интернет се појави видео на кое наводно се прикажани припаднички на Исламската држава, спасени од последното упориште на оваа екстремистичка организација во Сирија. За време на нивниот транспорт во бегалски камп тие извикувале терористички слогани и се колнеле на верност на терористичката група, пишува „Дејли мејл“.
На кратката снимка може да се забележат жени во камион облечени во црно и со покриени лица како ги држат своите деца извикувајќи baqiya, што е дел од паролата на ИД – Baqiya wa tatamaddad, што значи „Остануваме и ќе се прошириме“. Притоа се слуша како ги навредуваат новинарите и фрлаат вода на нивните камери.
Многумина од нив го подигнале показалецот кон небото, што всушност претставува симболичен гест на членовите на ИД, што означува единство со Бога, но и доминација на калифатот.
Жени што минатата недела побегнале од сирискиот регион Багуз биле забележани како фрлаат камења кон новинарите и напаѓаат новинарки бидејќи не биле облечени според правилата на исламот, објави „Индекс. хр“.
Повеќе од 7.000 луѓе побегнале во последните неколку дена поради бомбардирањето на последното упориште на Исламската држава во Сирија, а жените на припадниците на ИД во таа пригода за новинската агенција АФП рекле дека и натаму сакаат да ги одгледуваат своите деца според идеологијата на калифатот, дури и ако не постои Исламската држава.
„Можеби сега си одиме, но во иднина ќе има нови освојувања. Ќе бараме одмазда, ќе бидете во крв до колена“, рекла припаднчка за ИД за АФП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.
Свет
Белата куќа: Трамп не се плаши да употреби воена сила против Иран
Портпаролката на Белата куќа, Каролина Ливит, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп „покажал дека не се плаши да употреби воени опции“ кога смета дека е потребно.
„Мислам дека едно нешто во што претседателот Трамп е многу добар е тоа што секогаш ги држи сите опции на маса, а воздушните напади би биле една од многуте, многу опции што се на маса“, изјави Ливит пред новинарите.
Во исто време, таа додаде дека „дипломатијата е секогаш првата опција“ за Трамп.
„Претседателот ви кажа на сите синоќа дека она што јавно го слушате од иранскиот режим е многу различно од пораките што администрацијата ги добива приватно“, рече Ливит.
„Претседателот покажа дека не се плаши да користи воени опции ако и кога смета дека е потребно, а никој не го знае ова подобро од Иран“, заклучи таа.
фото/депозитфотос

