Свет
(Видео) Европа окована во снег – невремето зеде 13 животи
Европа е окована во снег. Досега невремето што ги зафати, пред сè, Австрија и Германија однесе 13 жртви, а снежни врнежи има и во другите делови на Европа. Најголем број од жртвите ги загубија животите во лавини.
Големо снежно невреме ја зафати централна Европа. Во серијата лавини што се случија на австриските Алпи досега е потврдена смртта на десетина лица, меѓу кои и тројца жители на Германија. Скијачите се предупредуваат да ги избегнуваат неозначените патеки по должината на скијалиштата, а многубројни планински патишта се затворени поради опасност од лавини. Заглавени се илјадници луѓе, а во одредени делови од државата прогласена е и вонредна состојба. До крајот на неделата се очекува да падне уште еден метар снег, а како што наведуваат од Австриската метеоролошка служба, станува збор за количина што паѓа еднаш во десет години.
Во Австрија, поради снежните наноси, стотици жители се заробени во куќите, нема настава во одделни училишта на југот на земјата, а во одделни делови нема електрична енергија. Затворени се стотина патишта. Австриските власти апелираат да не се патува ако не мора, а од скијачите се бара да не ги напуштаат обезбедените писти. Не се препорачува ниту влегување во шумите поради опаснсот од уривање дрвја што попуштаат под товарот на снегот.
Во одделни делови на Германија е прогласена вонредна состојба. Во Баварија загинал скијач кога врз него паднало дрво, а лавина, која се случи на планината Тајзенберг, усмрти една жена. Од службата за предупредување соопштија дека е зголемен алармот од четврто на петто ниво и дека постои голема опасност од лавини на баварските Алпи. Училиштата на целата тариторија на Баварија се привремено затворени, а во прекин се и железничките линии. Метеоролошката служба на Германија соопшти дека невремето ќе продолжи и во следните неколку дена и дека до понеделник се очекуваат да наврнат дополнителни 40 сантиметри снег.
Во Норвешка е запрена потерата по четворица скијачи. Поради силните снежни врнежи и слабата видливост, запре потерата по 29-годишна Швеѓанка и тројца Финци на возраст од 29, 32 и 36 години, кои, најверојатно, настрадаа во лавина во близина на градот Тромсое.
Во Романија е најдено тело на смрзнат 67-годишен маж на паркинг во местото Слатина на југот на земјата, каде што е измерена температура од минус 24 степени.
Две лица загинаа на италијанските Алпи, а меѓу загинатите е и 8-годишно девојче, кое почина кога удрило во дрво додека се санкало со мајка си. Италијанските спасувачки екипи и натаму се во потрага по десетина исчезнати лица. Невремето ја погоди и Холандија, а поради силните ветрови, откажани се стотина лета од аеродромот во Амстердам.
Метеоролозите најавуваат нови снежни наноси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.