Свет
(Видео) Едниот авион полета, другиот слета: пет лица загинаа во судир на два приватни авиона, меѓу кои и едно дете
Пет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа при судир на два приватни авиона во мексиканската држава Дуранго, соопштија провинциските власти.
Несреќата се случила над мала воздушна патека во градот Галанчита, западно од Дуранго. Секретаријатот за државна безбедност изјави за АП дека авионите се судриле кога едниот авион полетал, а другиот слетал.
По судирот, и двата авиона се запалиле. Во тек е истрага за причините за несреќата.
DOS AVIONES CHOCAN EN LA PISTA DE ATERRIZAJE EN DURANGO; HAY CINCO MUERTOS
Un fuerte choque entre dos aeronaves en una pista de #Durango dejó la muerte de al menos cinco personas en el municipio de #Topia; entre ellos, una bebé y su mamá.
El accidente ocurrió en una pista… pic.twitter.com/jJ2c5cxNyL
— El Dato Noticias Morelos (@eldatomx) September 25, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

