Свет
(Видео) Експлозија во сириска воена база кај Дамаск
Силна експлозија во воздухопловна база во општината Мезех, одекнала синиоќа во тоа западно предградие на Дамаск, објавија светските медиуми.
Повикувајќи се на добро информиран воен извор, сириската агенција „Сана“ ги отфрли наводите дека експлозијата е резултат на израелски воздушен напад.
#BREAKING: explosion struck ammo depots in Al-Mazzeh airbase pic.twitter.com/K7HmBJcAan
— Majd Fahd ?? (@Syria_Protector) September 1, 2018
Изворот вели дека експлозијата што се случила околу полноќ била детонација на муниција од магацин во близина, во кој имало краток спој.
A big #explosion was clearly heard in #Damascus early Sunday local time, causes unknown, hit Damascus military airport pic.twitter.com/Fg0eehJwrS
— Maher Al Mounes (@Maher_mon) September 1, 2018
Агенцијата „Тасс“ пренесува дека голем број арапски телевизиски станици објавиле вести за ракетен напад извршен во предградијата на Дамаск.
BREAKING: #Israel is attacking #Syria‘s capital city Damascus, bombs drop on Mezzeh. pic.twitter.com/BTe60vSYgc
— Partisangirl ?? (@Partisangirl) September 1, 2018
Телевизискиот канал „Ал Мајадин“ цитираше добро информирани извори тврдејќи дека Израел стои зад нападот. „Ал Џезира“ ги цитираше тврдењата на сириските провладини медиуми дека цел на израелскиот ракетен напад бил истражувачкиот центар во местото Џамраја и дека сириската воздушна одбрана успеала да собори неколку проектили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.