Свет
(Видео) Еруптира Етна, откажани сите летови за Сицилија

Летовите кон градот Катанија на истокот на италијанскиот остров Сицилија денеска беа прекинати по ерупцијата од блискиот вулкан Етна, објави аеродромскиот оператор, што им донесе нови неволји на патниците во екот на летната туристичка сезона.
Етна, еден од најактивните вулкани во светот, доживува интензивна активност во последните недели исфрлајќи жешка пепел и лава.
#Etna live: alzate il volume e ascoltate il respiro della Terra! La Voragine fa ancora la voce grossa con le fontane di lava che raggiungono altezze di svariate centinaia di metri, boati continui e una colonna eruttiva carica di cenere. Video di Guide Vulcanologiche Etna Nord pic.twitter.com/f474F3iAC5
— Il Mondo dei Terremoti (@mondoterremoti) July 23, 2024
Аеродромот во Катанија веќе беше затворен претходно овој месец поради пепел во воздухот над областа. Пристаништето дејствува како центар на источниот дел на Сицилија и привлекува повеќе туристи отколку главниот град на островот, Палермо.
Во соопштението за печатот се наведува дека властите донеле одлука „да ги прекинат сите влезни и појдовни летови“.
„Суспензијата ќе резултира со откажувања и/или пренасочување кон други аеродроми“, објавија тие додавајќи дека нормалното функционирање на аеродромот ќе продолжи кога ќе престане протокот на пепел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Литвански министер: Местото на Путин е во Хаг, нема место за воени злосторници во Европа

Рускиот лидер Владимир Путин треба да биде спречен да учествува во преговори со висок ризик, наменети за замрзнување на војната во Украина, изјави денес литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис.
Тој го осуди планот на американскиот претседател Доналд Трамп тој и Путин да се сретнат во Будимпешта, нагласувајќи дека „не може да замисли“ Путин да се пресели во европскиот воздушен простор, објави Ројтерс.
„Во Европа нема место за воени злосторници. Единственото место во Европа за Путин е Хаг, во Трибуналот, а не во еден од нашите главни градови“, рече тој пред состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург.
На прашањето дали постои ризик Трамп да се налути ако европските земји не се согласат со идејата рускиот и американскиот лидер да се сретнат во Будимпешта, Будрис рече дека постојат и други начини за средба.
„И јас би барал алтернативи“, истакна Будрис.
Порано денес, високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, рече дека „воопшто не е убаво“ што постои можност Путин и Трамп да се сретнат во Будимпешта. Таа оцени дека „не е убаво да се види“ дека Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница, да доаѓа во европска земја.
Фото: принтскрин
Свет
„Политико“: Новите земји-членки би можеле да се приклучат кон ЕУ без да добијат право на вето

Нови држави би можеле да се приклучат кон Европската унија без целосни права на глас, со цел да се направи процесот на проширување поприфатлив за лидери како унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави Политико.
Предлогот за промена на правилата за членство е во рана фаза и би требало да биде одобрен од сите сегашни членки, изјавиле тројца европски дипломати и еден претставник на ЕУ запознаен со разговорите. Идејата предвидува новите членки да ги добијат целосните права откако Унијата ќе ги реформира своите институционални механизми, за да се отежни можноста поединечни држави да ставаат вето врз европски политики.
Станува збор за нов обид на земјите кои поддржуваат проширување, како Австрија и Шведска, да го оживеат процесот што е блокиран од Будимпешта и уште неколку други престолнини, поради страв од конкуренција на локалните пазари или загрозување на безбедносните интереси.
Претседателот на Одборот за европски прашања во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер, изјави дека идните членки треба да се обврзат дека нема да имаат право на вето сè додека не се воведе квалификувано мнозинство во повеќето области на одлучување.
Според иницијативата, земјите кои се на пат кон членство — како Украина, Молдавија и Црна Гора — би ги уживале придобивките од членството, но без правото на вето, кое државите-членки традиционално го сметаат за клучен инструмент на суверенитет во рамките на Унијата.
Предлогот, кој неформално се разгледува меѓу земјите на ЕУ и Европската комисија, би овозможил прием на нови членки под пофлексибилни услови, без потреба од отворање на основните договори на Унијата.
Претходно, лидерите на ЕУ инсистираа дека се потребни институционални реформи пред приемот на нови држави, предупредувајќи на ризик од блокади во Брисел. Но, обидите да се укине правото на вето и за постојните членки наидоа на отпор од Унгарија, Франција и Холандија.
Хофрајтер оцени дека планот би овозможил Унијата да остане функционална и по проширувањето, и дека земјите од Западен Балкан го сметаат овој пристап за конструктивен и остварлив.
Идејата се појавува во време на растечко незадоволство во источните и балканските земји-кандидати кои со години спроведуваат реформи, но не напредуваат кон членство.
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за Политико изјави дека „сега е време да се оживее процесот и идејата за Европската унија како заедница што сè уште има привлечна моќ“.
Заменик-премиерот на Украина, Тарас Качка, повика на „креативни решенија“ за деблокирање на процесот на проширување, истакнувајќи дека „чекањето не е опција“.
Иако претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го постави проширувањето како стратешки приоритет и најави можен прием на Украина и Молдавија до 2030 година, земјите-членки засега не покажуваат подготвеност за забрзување на процесот.
Политико наведува дека лидерите од Западен Балкан — Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија — ќе се сретнат со европските челници во Лондон на самитот во рамките на „Берлинскиот процес“, посветен на поголема регионална интеграција како чекор кон идното членство во Унијата.
Свет
Калас: Не е добро што воен злосторник доаѓа во Будимпешта

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека не е добро што во Будимпешта доаѓа лице обвинето за воени злосторства, алудирајќи на рускиот претседател Владимир Путин.
Калас го коментираше најавениот состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, додавајќи дека би сакала да го види украинскиот претседател Зеленски како се среќава со Путин, затоа што тие треба да се договорат.
Таа нагласи дека, доколку Америка може да изврши притисок врз Русија за да седне на преговарачка маса, тоа би било позитивно, но истовремено оцени дека присуството на Путин во земја од ЕУ е шамар во лице, бидејќи против него има издаден налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд.