Свет
(Видео) Жена преживеа под урнатините и по 222 часа: „Ја слушнавме како бара помош, пресреќни сме“
Во градот Кахраманмараш денеска е спасена 42-годишна жена, која поминала 222 часа под урнатините, објави турската телевизија ТРТ.
„Слушнавме ‘помош!’ под урнатините. Бевме обземени од радост! Успеавме да стапиме во контакт“, велат спасувачите.
Во текот на ноќта 77-годишната Фатма Гунгор била спасена од урнатините на седумкатница во градот Адијаман, 222 часа по првиот земјотрес, јавуваат турските медиуми. Во вторникот во Турција беа спасени уште девет преживеани бидејќи фокусот на хуманитарните напори се префрли на оние што сега немаат засолниште или храна во студените услови.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе продолжи со спасувачките напори и брзата обнова на уништените згради повеќе од една недела по разорниот земјотрес што ги погоди неговата земја и соседна Сирија. Бројот на загинати во двете земји надмина 41.000, а преживеаните, кои останаа без домови, се справуваат со зимските температури.
„Ќе продолжиме да работиме додека не го најдеме последниот граѓанин што остана под урнатите згради“, рече Ердоган доцна во вторникот по состанокот на владата одржан во седиштето на Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Процената на штетите на неколку десетици илјади уништени објекти ќе биде завршена за една недела, а реконструкцијата ќе почне за неколку месеци, тврди турскиот претседател.
„Ќе ги обновиме сите куќи и работни места, уништени или непогодни за живеење поради земјотресот, и ќе ги предадеме на нивните вистински сопственици“, додаде тој.
Повеќе од 105 илјади луѓе се повредени во земјотресот, а повеќе од 13 илјади сè уште се во болници, рече Ердоган.
Повеќе од 2,2 милиона луѓе веќе ги напуштиле најтешко погодените области, а стотици илјади згради станаа непогодни за живеење.
„Луѓето многу страдаат. Аплициравме за шатор, помош или нешто слично, но досега не сме добиле ништо“, изјави за „Ројтерс“, Хасан Саимуа, бегалец, кој со своето семејство престојува на игралиште во градот Газијантеп во југоисточна Турција.
Саимуа и другите Сиријци најдоа засолниште во Газијантеп откога избегаа од војната дома. Кога поради земјотресот повторно станаа бездомници, на игралиштето направија импровизирани шатори од пластични чаршафи, ќебиња и картон.
„Потребите се огромни и растат од час на час“, рече Ханс-Хенри П. Клуге, директор на Светската здравствена организација за Европа. „Речиси 26 милиони луѓе во двете земји имаат потреба од хуманитарна помош.
„Исто така, постои зголемена загриженост за новите здравствени проблеми поврзани со студеното време, хигиената и санитарните услови и ширењето заразни болести кај ранливите луѓе особено изложени на ризик“, предупреди Клуге.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамп: Можеби пријателски ќе ја преземеме Куба
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно „ријателско преземање на Куба, пренесе Ројтерс. Тој рече дека американскиот државен секретар Марко Рубио веќе се занимава со тоа прашање на многу високо ниво.
„Кубанската влада разговара со нас и се во големи проблеми. Немаат пари, немаат ништо сега, но разговараат со нас и можеби ќе имаме пријателско преземање на Куба“, изјави Трамп.
Trump: “We could very well end up having a friendly takeover of Cuba.” pic.twitter.com/QTeif4zCiE
— Conflict Alarm (@ConflictAlarm) February 27, 2026
Кубанската економија е во длабока криза, која дополнително се влоши по прекинот на испораките на нафта од Венецуела. Американското ембарго кон Куба беше дополнително заострено, а Трамп се закани со царини за секоја земја што ќе испраќа нафта на островот.
Фото: Depositphotos
Свет
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Во тешка трамвајска несреќа во Милано загина едно лице, а 39 се повредени, од кои некои потешко, јави Би-Би-Си.
Несреќата се случила околу 16 часот на улицата „Виторио Венето“, во северниот дел на градот, кога трамвај излетал од шините и удрил во зграда. Според првичните информации, жртвата е пешак, додека најголем дел од повредените се патници во возилото.
На местото на настанот интервенирале повеќе екипи на итната помош и цивилната заштита, а поставен е и шатор за згрижување на повредените. Има информации дека дел од луѓето биле заробени во оштетениот трамвај.
Сведоци изјавиле дека непосредно пред несреќата се слушнала силна бучава, по што трамвајот забрзал и удрил во објект. Еден од патниците изјавил дека помислил оти станува збор за земјотрес.
Причините за несреќата засега не се познати, а според медиумите, можно е возилото пребрзо да влегло во остра кривина. На местото на настанот пристигнал и градоначалникот на Милано.

