Свет
(Видео) Забраната од Орбан не ја спречи Парадата на гордоста во Будимпешта, огромен број луѓе се собраа во главниот град на Унгарија
И покрај забраната на Владата на Виктор Орбан, огромен број луѓе денес почнаа да се собираат во главниот град на Унгарија, Будимпешта, на Парадата на гордоста.
Странските медиуми пренесуваат дека организаторите очекуваат рекордна посетеност за 30. издание на Парадата на гордоста во Будимпешта, и покрај полициската забрана која ја наметна националистичката Влада на премиерот Виктор Орбан.
Thousands of people are marching for pride in Budapest. A 200 pp @Amnesty delegation is here from around Europe. Against repression we stand and rise. We resist. This is trans-national civil disobedience. #BudapestPride pic.twitter.com/8qSYr1K0rC
— Agnes Callamard (@AgnesCallamard) June 28, 2025
Владината коалиција на Орбан годинава ги смени законите и уставот за да забрани годишно прославување, оправдувајќи го долготрајното потиснување на ЛГБТ-правата со повикување на “заштита на децата”. Орбан вчера изјави дека полицијата нема да ја разбие поворката, но дека оние кои учествуваат треба да бидат свесни за “правните последици“.
Организаторите на поворката ризикуваат да добијат до една година затвор, а учесниците можат да бидат казнети со парична казна до 500 евра. Со последните законски измени, на власта и е дозволено да користи и технологија за препознавање лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

