Свет
(Видео) За позитивна енергија и пребродување на кризата – Италијанците заеднички свират и пеат од балконите

Италијанците почнаа да пеат и свират на нивните балкони и прозорци, а своите уметнички вештини ги снимаат и ги објавуваат на социјалните мрежи.

epa08292916 People on the balconies of the Quartieri Spagnoli sing together and display the Italian flag to give themselves courage, as they are on lockdown in Naples, Italy, 13 March 2020. Italy is under lockdown in an attempt to prevent the spread of the pandemic coronavirus. EPA-EFE/CIRO FUSCO

(Фото: ЕПА)
Едно видео од Сиена има илјадници прегледи, а на снимката се слушаат гласови на жители како ја пеат традиционалната песна „Канто дела Вербена“ со извици на „Да живее Сиена“.
Пејачот Андреа Санино на Инстаграм објави видео на кое жителите ги пеат неговите песни од балконите.
Едно видео од Торино ги прикажува граѓаните како ја играат песната „Макарена“, која беше популарна во 90-тите.
Голем број италијански уметници ветија виртуелни концерти, додека некои културни институции, како музеи, понудија изложба на Интернет.
Sicily has figured out this whole self-isolation thing.#COVID19 #CoronavirusPandemic pic.twitter.com/93whPVtQcR
— John Nichols (@NicholsUprising) March 13, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск: Мрежата X е под масивен сајбер напад

„Во тек е масовен сајбер напад врз мрежата Х“, објави денеска сопственикот на социјалната мрежа Илон Маск, по неколкучасовните проблеми со пристапот до платформата што ја користат илјадници корисници.
-Секојдневно нè напаѓаат, но овој напад беше организиран со многу ресурси. Има голема координирана група или некоја земја вклучена… ние го следиме тоа, додаде Маск.
Илјадници корисници се соочуваат со проблеми со пристап до мрежата X на веб-страницата и мобилната апликација.
Врвот на прекините, според референтниот портал Downdetector.com, бил достигнат утрово околу 10 часот по локално време на источниот брег на САД (15 часот по средноевропско време), кога речиси 40.000 луѓе пријавиле прекини на услугата.
Тој број значително се намали, а потоа повторно се зголеми на околу 35.000 три часа подоцна пред повторно да падне.
Социјалната мрежа, порано Твитер, имаше бројни пропусти откако Маск ја купи кон крајот на 2022 година.
Сопственикот на Tesla и SpaceX отпушти три четвртини од вработените во Twitter, кој стана X, во месеците по купувањето.
Свет
(Видео) Еден исчезнат по несреќата на брод и танкер во Северното море, бродот носел токсичен цијанид

Несреќа меѓу танкер и товарен брод се случи во Северното Море во близина на источниот брег на Јоркшир. Сопственикот на товарниот брод – по име Солонг – вели дека еден од неговите 14 членови на екипажот е исчезнат. Болничарите велат дека 36 членови на екипажот се безбедни.Товарниот брод Солонг превезувал 15 контејнери со натриум цијанид, меѓу другите товари, кога се судрил со танкерот „Stena Immaculate“ во Северното Море, кој превезувал авионско гориво, јавува Би-Би-Си.
Натриум цијанид е бела кристална супстанција со слаб мирис на бадем. Индустриски се користи за чистење и галванизација на метали, во фотографијата и за производство на други хемикалии.
Изложеноста на соли на цијанид може да предизвика главоболки, гадење, вртоглавица, нервоза, збунетост и промени во срцевиот ритам, а во потешки случаи, проблеми со дишењето, срцев удар, па дури и смрт.
Натриум цијанидот е многу растворлив во вода и може да биде токсичен бидејќи го попречува процесот на дишење кај животните, објасни др. Марк Хартл, вонреден професор по морска биологија на Универзитетот Хериот Ват.
Иако сè уште не е јасно дали хемикалијата истекла во морето или изгорела, постои можност да ги загрози водните организми доколку се проголта. Др. Хартл додава дека рибите имаат природен рефлекс за избегнување на опасните материи, така што некои видови можеби веќе ја напуштиле областа на судир.
Засега не е познато дали натриум цијанид истекол во морето, но властите ја следат ситуацијата и ќе ги преземат неопходните заштитни мерки.
Свет
Летаат ракети: напад во трговски центар во Херсон

Едно лице загина, а шест лица се повредени во напад на украинските сили на пазар во областа Херсон, изјави портпаролот на регионалниот гувернер Володимир Василенко.
Руската воздушна одбрана уништила девет украински беспилотни летала над пет региони на Русија во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана.
Доналд Трамп во неделата рече дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако Соединетите држави продолжат да му даваат помош на Киев во војната.