Свет
(Видео) Зеленски: Нема договор со Путин, нема да дадеме ниту дел од територијата
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, ја отфрли можноста неговата земја да се откаже од кој било кој дел од својата територија во случај на потенцијален мировен договор со Русија.
Во интервју за „Би-Би-Си“ по повод одбележувањето на една година од руската инвазија, тој предупреди дека отстапувањето на дел од територијата би значело дека Русија може да се врати подоцна за да го окупира остатокот од Украина.
Зеленски рече и дека планираната пролетна офанзива веќе е започната.
„Руските напади веќе се случуваат од неколку правци“, рече тој. Сепак, Зеленски верува дека украинските сили ќе продолжат да се спротивставуваат на рускиот напредок додека не бидат во можност да започнат контраофанзива. Тој ги повтори своите барања за поголема воена помош од Западот.
„Се разбира, модерното оружје го забрзува мирот. Оружјето е единствениот јазик што Русија го разбира“, рече тој.
Украинскиот претседател се состана со лидерите на Обединетото Кралство и ЕУ минатата недела во обид да ја зајакне меѓународната поддршка и да побара модерно оружје за одбрана на неговата земја. Кога украинскиот претседател побара модерни борбени авиони, британскиот премиер Риши Сунак рече дека прашањето сè уште „не е на маса“.
Киев е сè пофрустриран од брзината со која пристигнува западното оружје. Тенковите, кои минатиот месец ги ветија голем број западни земји, вклучувајќи ги Германија, САД и Велика Британија, нема да пристигнат на бојното поле ни по недели. Зеленски се осврна и на заканата на белорускиот лидер Александар Лукашенко дека ќе влезе во војна со руските војници од неговата територија доколку макар и еден украински војник ја премине границата.
„Се надевам дека Белорусија нема да се приклучи. Ако се приклучи, ќе се бориме и ќе преживееме“, е убеден тој.
На прашањето дали е изненаден од руската тактика во војната, Зеленски ги опиша војниците како „безвредни“.
„Ако нивните војници ги добивале тие наредби, тоа значи дека ги делат истите вредности“, објасни украинскиот лидер.
Украинските бројки објавени оваа недела сугерираат дека руските сили во Украина умираат во поголем број овој месец отколку кога било од првата недела од нивната инвазија.
Бројките не може да се проверат, но Министерството за одбрана на Обединетото Кралство објави дека трендовите се „веројатно точни“.
„Денес, нашиот опстанок зависи од нашето единство. Верувам дека Украина се бори за својот опстанок“, продолжи тој.
Зеленски тврди дека неговата земја економски, но и вредносно се доближува до Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Гренланд би можел да се припои кон Русија ако Трамп не реагира брзо
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека жителите на Гренланд би можеле да гласаат за припојување кон Русија доколку американскиот претседател Доналд Трамп не реагира брзо, пренесе Ројтерс.
Според Интерфакс, Медведев изјавил дека, според непроверени информации, за неколку дена би можел да се одржи ненадеен референдум на кој 55.000 жители на Гренланд би гласале за припојување кон Русија.
Во меѓувреме, Трамп повторно ја активираше иницијативата САД да преземат контрола врз Гренланд, автономна територија на Данска, наведувајќи дека островот е клучен за американската национална безбедност – потег што наиде на остро противење од Данска и властите на Гренланд.
Иако Русија формално не бара Гренланд, таа внимателно ја следи неговата стратешка улога во Арктикот, особено поради северноатлантските рути.
Фото: Depositphotos
Свет
Врховниот лидер на Иран: Ова е предупредување до Америка
Врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, им честиташе на социјалните мрежи на учесниците на денешните провладини собири.
Во серија објави на X, ајатолахот сподели фотографии од провладини демонстранти и рече дека тие „одлично ја завршиле работата“ и „го спречиле планот на странските непријатели, кој требало да го спроведат домашни платеници“.
„Големата нација Иран им се покажа на своите непријатели, заедно со својата решителност и идентитет“, додаде Хамнеи.
„Ова беше предупредување до американските политичари да престанат да бидат измамници и да не се потпираат на предавнички платеници“, додаде тој.
Свет
Украинската војска објави видео: Го освоивме градското собрание во Купјанск
Украинските одбранбени сили ја вратија контролата врз зградата на Градскиот совет на Купјанск, објави Вториот корпус на Националната гарда на Украина (НГУ), познат како Хартија.
„Хартија воспостави контрола врз зградата на Градскиот совет на Купјанск. Единицата за пребарување и уништување на Хартија и тактичката група Купјанск ги завршуваат операциите за расчистување во градот, кој беше деблокиран за време на успешната операција предводена од командата на Вториот корпус на НГУ“, се вели во соопштението.
Корпусот објави снимка од GoPro камера за која тврди дека е направена од борци од 4-тиот баталјон Хартија за време на упадот во зградата на Градскиот совет на Купјанск. Војниците од извидувачката и ударна група на баталјонот го кренаа украинското знаме над градскиот совет во центарот на Купјанск.
„Операцијата во Купјанск докажува дека благодарение на планирањето, стручноста на командантот и штабот и висококвалитетната подготовка на единиците – сето тоа го нарекуваме метод на Хартија – е можно успешно да се запре и уништи непријателот“, рече полковник Ихор Оболенски, командант на Вториот корпус.

