Свет
(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди источниот дел на Папуа Нова Гвинеја, но нема опаност од цунами, соопшти американскиот геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 127 километри под површината на земјата, во дел што се наоѓа на 66 километри југозападно од градот Лае, пренесе „Ројтерс“.
Уште нема извештаи за евентуална штета.
Video from “Pangia”, Papua New Guinea, showing the shaking from the 7.2 magnitude #earthquake. I got this footage from Facebook. I don’t own this video. pic.twitter.com/SdiKzplzWH
— Mikey ?? (@MambaMike13) 6 May 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Снаата на убиените во Чачак повикала полиција: пожарникарите влегле во станот низ прозорецот

Јован (77) и Милица (72) Баковиќ синоќа околу 22 часот се убиени во семејниот стан во Чачак.
За убиството е осомничен нивниот син Михајло, а како што дознаваат медиумите, неговата сопруга повикала полиција.
„Беа прекрасни луѓе, синот им доаѓаше секој ден, не разбираме што можеше да се случи. Слушнав дека на Михајло му се слошило, но не знам за што се работи. Синоќа му се јавила сопругата, тој не одговорил. Ниту тие не се јавиле, па таа дошла во станот. Таа тропнала на вратата, но никој не одговорил, не знаела што се случило и ја повикала полицијата, која ги пронашол телата во станот“, изјавил соседот за медиумите.
Убиениот Јован бил лекар во пензија, според написите.
Припадници на МВР во Чачак го приведоа М. Б. (41) од Чачак поради сомнение дека сторил кривично дело тешко убиство.
Како што беше дополнително соопштено, тој е осомничен за кривично дело тешко убиство и се сомничи дека со остар предмет ги убил родителите. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Чачак, одредена му е мерка притвор до 48 часа, во кој рок со поднесување кривична пријава ќе биде изведен на распит во Обвинителството.
Свет
Папата Франциско: Болеста ми помогна појасно да ја видам апсурдноста на војната

Папата Франциско, кој беше хоспитализиран поради пневмонија, преку писмо повика на прекин на војните и на дипломатски решенија за конфликтите.
Во писмото до весникот „Кориере дела сера“ папата рече дека неговата долга болест му помогнала да му стане уште појасна апсурдноста на војната и го обновил својот повик до дипломатијата и меѓународните организации да најдат нова виталност и кредибилитет.
Папата укажа и на важноста на зборовите велејќи дека „мора да ги разоружаме зборовите, да ги разоружаме умовите и да ја разоружаме Земјата“. Претходно денеска, Бакингемската палата потврди дека кралот Чарлс ќе се сретне со папата Франциско меѓу 7 и 10 април и покрај болеста на католичкиот водач.
Папата (88) беше примен во римската болница „Гемели“ на 14 февруари со тешка респираторна инфекција и оттогаш не е виден во јавноста, пренесува „Танјуг“.
Регион
Во хрватскиот Сабор едноминутно молчење за загинатите во Македонија

Хрватскиот Сабор, денеска, со едноминутно молчење им оддаде почит на 59-те лица што завчера загинаа во пожарот во Кочани, Македонија.
„Загубени се многу млади животи и во име на хрватскиот Сабор сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите и да им посакам брзо закрепнување на повредените“, изјави претседателот на Собранието, Гордан Јандроковиќ.
Во пожарот што завчера избувна во „Пулс“ во Кочани загинаа 59 млади лица, а повеќе од 150 се повредени.