Свет
(Видео) Израелската армија: Правиме се’ за да ги заштитиме цивилите

Израелската армија штотуку издаде соопштение:
„Од Иран се истрелани проектили кон државата Израел. Наредено ви е да бидете во состојба на готовност и точно да ги следите упатствата од командатa. Во последните неколку минути, командата на Татковинскиот фронт дистрибуираше инструкции за спасување животи во различни области низ земјата.
Се бара јавноста да се придржува до насоките на Командата на Татковинскиот фронт. Откако ќе ја слушнете сирената, мора да влезете во заштитеното подрачје и да останете таму до дополнително известување. Војската прави и ќе стори се што е потребно за да ги заштити цивилите на државата Израел“, се вели во соопштениеот.
Сирените продолжуваат да се огласуваат низ Израел поради иранскиот ракетен напад. Во нападот биле истрелани 200 проектили, според Израелската армија.
Sirens continue to sound across Israel amid an Iranian missile attack.
Some media reports in Israel suggest that over 100 missiles have been launched in the attack. pic.twitter.com/BJ8R3H6XSw
— Emanuel (Mannie) Fabian (@manniefabian) October 1, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Израел подготвува воздушен и поморски транспорт за да ги врати дома своите граѓани заглавени во странство по нападот врз Иран во петокот и затворањето на неговиот воздушен простор, објави министерката за транспорт.
„Првиот чекор беше да се испратат сите израелски авиони во странство за да се спречи нивно оштетување, бидејќи тогаш немаше да имаме никакви средства за репатријација на луѓето. Тој чекор е завршен. Следниот чекор е постепено враќање на Израелците“, рече Мири Регев за време на посетата на местото на иранскиот напад во центарот на земјата.
„Има помеѓу 100.000 и 150.000 Израелци во странство“, рече министерката, додавајќи дека нејзината канцеларија отворила морска рута од Кипар и Грција.
Израелската авиокомпанија „Ел Ал“, која објави прекин на сите летови во петокот, во вторникот соопшти дека се подготвува за летови за спасување почнувајќи од среда.
Авионите на „Ел Ал“ ќе полетаат од Ларнака на Кипар, Атина, Рим и Милано во Италија и Париз, рече таа.
Израелскиот нискобуџетен превозник „Аркија“ исто така најави специјални летови почнувајќи од среда за да ги врати Израелците дома. Авионите на „Аркија“ ќе полетаат од Кипар, Грција и Црна Гора, се вели во соопштението.
Израел започнанапад врз Иран на 13 јуни, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, со цел, велат властите, да ја спречи земјата да развие атомска бомба. Иран постојано негира каква било таква намера.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Единствениот пат до траен мир е дипломатско решение

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, изјави дека влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток претставува опасен момент за целиот регион.
Тој нагласи дека Велика Британија продолжува да го поддржува правото на Израел на безбедност и дека има сериозна загриженост во врска со нуклеарната програма на Иран.
Сепак, Хили повика на воздржаност од сите страни и рече дека единствениот пат до траен мир е дипломатско решение, а не воена ескалација.
Тој додаде дека во регионот пристигнале дополнителни британски воени ресурси, вклучувајќи борбени авиони „Тајфун“ распоредени во RAF Акротири на Кипар, за да го заштитат британскиот воен персонал кој сега е во состојба на висока готовност.
На прашањето дали е загрижен за можноста САД директно да се вклучат во израелските напади врз Иран, со оглед на пристигнувањето на дополнителни американски борбени авиони, Хили одговори дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп сè уште ги предводи повиците до Техеран да се согласи на договор.
Тој го опиша зголеменото воено присуство на Велика Британија и САД како порака до Иран дека дипломатскиот пат е единственото решение за сегашната криза.
Свет
Израел со 60 авиони го нападна Иран, убиен новиот началник на Генералштабот

Израелските воздухопловни сили извршија голем бран воздушни напади врз иранските ракетни лансери во централен Иран, потврди денес портпаролката на израелската војска, генерал Ефи Дефрин.
„Шеесет борбени авиони учествуваа во напади врз клучни ракетни цели длабоко во Иран“, рече Дефрин.
Таа додаде дека нападите ги принудиле иранските сили да се повлечат кон исток.
„Тие го напуштија западен Иран, но ние ги гониме“, рече таа, додавајќи дека иранската ракетна активност сега е главно концентрирана околу Исфахан.
Израелската војска потврди: Го убивме новиот началник на Генералштабот на Иран
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека извршиле напади длабоко во Иран, насочени кон нуклеарните, балистичките и командните капацитети на Исламската Република.
„Нападнавме длабоко, ги погодивме нуклеарните, балистичките и командните капацитети на Иран“, изјави Дефрин, на прес-конференција вечерва.
Дефрин, исто така, потврди дека во последниот израелски напад е убиен високиот ирански безбедносен службеник Али Шадмани, како што објави војската во својот оперативен извештај претходно истиот ден.
„ИДФ го елиминираше Али Шадмани, началник на Генералштабот на режимот во воено време. Тој ја држеше позицијата само четири дена пред да ја доживее истата судбина како и неговиот претходник“, рече Дефрин.
Шадмани го наследува генералот Голамали Рашид, кој беше убиен минатата недела во израелски воздушен напад.