Свет
(Видео) Израелските деца ги налутија Палестинците со песна: „Дали вака ги воспитуваат своите деца?

Израелската организација, која себеси се нарекува Граѓански фронт, предизвика контроверзии на социјалните мрежи со продуцирање песна во која децата го слават уништувањето во Газа и велат „ништо нема да остане таму“ за една година.
Наводно, снимката содржи деца евакуирани од заедниците во близина на Појасот Газа, а песната е на удар на критики во Израел и во странство поради текстот, како и фактот дека ја пеат деца.
These Israeli children dedicate a song to the children of Gaza pic.twitter.com/w2WNWAOBFa
— ❀ قرنـــاآسـه ✿ (@8zal) November 21, 2023
Видеото е почит на класичната израелска поема HaReut („Заедништво“), напишана од поетот Хаим Гури за настаните од војната за независност во 1948 година. Оригиналната верзија на песната е нежна ода за оние изгубени во ужасите на војната, пишува „Тајмс оф Израел“.
Новата верзија, од друга страна, има многу помилитантен тон, содржи реплики, како: „ИДФ ја минува границата за да ги елиминира носителите на свастика“, „Ќе ги избришеме сите“ и „Ќе му покажеме на светот како ги уништуваме нашите непријатели“.
Клип од песната беше споделен од пропалестинските активисти на социјалните мрежи со коментари: „Израелските деца пеат геноцидна песна за Газа“ и „Вака ли ги воспитуваат своите деца?“. Во Израел некои корисници ја поздравија новата верзија, но повеќето реакции беа крајно негативни.
Веројатно и самиот Гури, кој цел свој живот беше левичарски активист, ќе беше незадоволен од новата верзија на песната. „Навистина се надевам дека неговите наследници… ќе тужат и ќе ве натераат да ја избришете оваа работа“, напиша еден корисник на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кремљ: Договорен распоредот за разговорите Путин – Трамп, ќе има и прес-конференција

Договорен е распоредот за разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, изјави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека тоа ќе биде приватна средба, со преведувачи, за време на која ќе се дискутираат чувствителни прашања.
Централна тема на состанокот ќе биде решавањето на кризата во Украина, но двајцата лидери ќе разговараат и за трговската и за економската соработка, рече Ушаков.
Средбата ќе почне во 11.30 часот по локално време, а времетраењето на разговорите ќе зависи од тоа како ќе се одвива дискусијата, рече Ушаков.
На крајот од самитот двајцата ќе одржат заедничка прес-конференција. Трамп и Путин ќе имаат и поширок состанок со делегациите и работен појадок, објави „Скај њуз“.
Европа
(Видео) Зеленски пристигна на средбата со британскиот премиер

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна на Даунинг стрит, каде што беше пречекан од британскиот премиер Кир Стармер, објави „Скај њуз“.
Даунинг стрит не даде многу детали за темите на нивните разговори, но средбата се случува само еден ден пред американскиот претседател Доналд Трамп да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска за да разговараат за прекин на огнот во Украина.
BREAKING: Volodymyr Zelenskyy arrives at Downing Street and is greeted by Sir Keir Starmer.
The meeting comes just a day before Donald Trump meets Vladimir Putin in Alaska to discuss a ceasefire in Ukraine.https://t.co/rrfAtUSjPC
📺 Sky 501 and YouTube pic.twitter.com/tk9jzCellw
— Sky News (@SkyNews) August 14, 2025
Двајцата мажи се прегрнаа и се ракуваа игнорирајќи ги прашањата од новинарите пред да влезат внатре, објави „Скај њуз“.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Балон на топол воздух се урна во Холандија: еден загинат, петмина повредени

Едно лице загина, а петмина се повредени кога балон на топол воздух се урна на ливада во северната холандска покраина Фрисланд доцна синоќа, соопштија локалните власти. Балонот превезувал 34 патници.
„Балонот на топол воздух одеднаш падна околу 21 часот и силно удри на земјата“, соопштија властите на Фрисланд додавајќи дека полицијата почнала истрага за несреќата.
Портпаролот на Кралското холандско воздухопловно здружение изјави за локалните медиуми дека ненадеен налет на ветер предизвикал балонот силно да удри на земјата предизвикувајќи корпата да отскокне и исфрлајќи пет лица од него.