Свет
(Видео) Израел: Девојчето за кое се мислеше дека е убиено сè уште е живо

Осумгодишното девојче Емили Ханд со ирско-израелско потекло, за кое се веруваше дека е убиено во првиот напад на Хамас, сè уште е живо и се држи во заложништво, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.
8 year old Irish-Israeli Emily Hand was believed to have been murdered by Hamas terrorists on October 7th.
We now know she is being held hostage by Hamas terrorists in Gaza.
Please share this and help us bring Emily home.pic.twitter.com/qac67W1ZVt
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) November 13, 2023
„Се веруваше дека 8-годишната Емили Ханд со ирско-израелско потекло беше убиена од терористите на Хамас на 7 октомври. Сега знаеме дека таа е заложничка од терористите на Хамас во Газа. Ве молиме, споделете го ова и помогнете ни да ја вратиме Емили дома“, напиша израелското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи покрај објавеното видео од Емили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Свет
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Свет
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.