Свет
(Видео) Израел објави снимка од заседата на Хамас: „Движете се кон нас и убијте ги сите надвор“
Војската на Израел објави аудиоснимка на социјалните мрежи, на која се вели дека израелски командант повикува на помош додека неговото оклопно возило е под оган од ракети и митралези за време на заседата на Хамас.
Одред на израелски оклопни транспортери беше нападнат од заседа од терористите на Хамас, кои излегоа од своите тунели и лансираа ракетни гранати кон возилата и се обидоа да закачат експлозив на нив. Израелците повикаа помош во воздухопловните сили и артилерија. Иако добија со сериозни повреди, тие преживеаја, соопштија од ИДФ.
Видеото и аудиото објавено од израелските одбранбени сили (ИДФ) прикажуваат мажи од елитната бригада „Голани“ под напад на Хамас откога биле нападнати од заседа. Од внатрешноста на оклопниот транспортер „Намер“, во кој се наоѓаат девет војници, се слуша како офицер итно бара помош: „Морате да се движите кон нас и да убиете сè што е надвор“.
Офицерот под оган, потполковник Томер, кој командува со бригадниот Баталјон 13, му кажува на својот командант на бригадата, полковник Пели, дека неговата единица претрпела повреди. „Даваме сè од себе, сега сме во војна, ни треба вашата помош“, вели тој.
An audio file has been leaked. heavy Israeli casualties in Palestinian attacks.
In this audio file, a member of Israel’s Golani Brigade says: “We have had a huge missile attack here – we have casualties here and it is difficult for me to say how many of them are. pic.twitter.com/juK4ZtO01F— Breakingnews (@janetking851241) November 2, 2023
Аудиозаписот продолжува: „Пели, овде е Томер, ние сме на пат кон југ. Имаше значителен напад врз нас, терористите доаѓаат на нас, имаме жртви. Тешко е да се каже колку… Потребен е оган за сузбивање за да ни помогне да ги одвратиме терористите. Се чини дека ситуацијата малку се смирува, но треба да тргнете кон нас и да убиете сè што е таму. Сè е добро, главната работа сега е да се исчистат терористите, кои се овде“.
Томер одговара: „Одлично, и повторувам – се чини дека работите се смируваат овде, повеќето терористи се мртви, нападите врз нас се забавуваат. Ние сме самоуверени, ве молиме движете се кон нас и пукајте западно и источно од нашата рута“.
Подоцна во снимката полковникот Томер пред камерата вели: „Кога застанавме, терористите на Хамас скокнаа од тунелот и нè опколија. Пукаа на нас со РПГ и се обидоа да им пријдат на возилата за да им постават експлозив. Благодарение на нашите брзи реакции успеавме да убиеме некои од нив, а други се потиснати со воздушен оган, артилерија и минофрлачи и ги нападнавме со оклопни возила. Резултатот е дека тие се мртви, а ние ја продолжуваме нашата копнена војна до победа“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж е застрелан откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида
Mаж е убиен откако се обидел нелегално да влезе во имотот на Трамп во Флорида, објави Скај њуз.
Како што објавија разузнавачките служби, мажот на околу 20-годишна возраст бил застрелан околу 1:30 часот наутро.
Идентитетот на осомничениот сè уште е непознат, а обезбедувањето го забележало човекот на северната порта од имотот.
Носел оружје кое личело на пушка и канта со гориво.
Ниеден агент не е повреден.
Во тек се истраги за идентитетот на човекот и неговиот мотив за делото.
Иако Трамп често го поминува викендот на својот имот, во моментот на инцидентот тој бил во Белата куќа, во Вашингтон, а со него била и сопругата Меланија Трамп.
Свет
Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите
Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ и САД, кое беше планирано за следната недела. Тој истакна дека условите и правната основа на договорот се променети поради неодамнешните американски тарифни мерки.
Ланге оцени дека американската администрација создала „тарифен хаос“ со привремените тарифи на претседателот Доналд Трамп, кои првично беа 10%, а потоа беа зголемени на 15%.
Од партијата Зелени во ЕУ исто така побараа пауза во гласањето додека не се разјаснат сите детали.
Договорот, кој беше постигнат минатото лето, предвидува ЕУ да ги укине царините на многу американски производи, додека САД би вовеле тарифа од 15% на поголемиот дел од европскиот извоз. Намалените царини од ЕУ треба да бидат одобрени од владите на земјите-членки и од Европскиот парламент.
Европскиот парламент минатиот месец привремено ја стопираше работата на договорот поради барањето на Трамп за припојување на Гренланд и заканите со царини кон европските сојузници, но подоцна беше одлучено дека договорот ќе биде ставен на гласање крајот на февруари.
Регион
(Видео) Повторно драма на Јахорина: дете висеше од жичара
На Јахорина се случи вистинска драма кога едно дете висеше од жичара.
Како што известува порталот „Drinainfo“, благодарение на брзата реакција на присутните, детето успешно беше спуштено на земја.
На објавеното видео се гледа дека две лица го држат детето кое висеше од седиштето, додека присутните трчаат да му помогнат безбедно да стигне до земјата.
Засега не е познато дали детето е повредено.
Да потсетиме, пред четири дена на Јахорина дете падна од жичара и со повреди на ногата беше пренесено во болница.

