Свет
(Видео) Иран активира голем воен брод како одговор на заканите на САД
Иранската елитна револуционерна гарда објави дека активирала голем воен брод што може да носи хеликоптери, беспилотни летала и ракетни фрлачи во услови на тензии со САД, кои се опишани како заканувачки.
На фотографиите на бродот, именуван по убиениот командант Абдула Рудаки, се гледа камион што пренесува ракети „земја-земја“ и воени ракети, пренесува АП.
#Iran‘s #IRGC this morning have show cased there new roll-on/roll-off ship, converted into a pseudo defense system dubbed the “Shahid/Martyr Roudaki” equipped with;
– 8 anti-ship cruise missiles
– Bell 412 helicopter
– Ababil 2 suicide drones
– 4 speedboats
– 3rd of Khordad AD pic.twitter.com/lWTfYL4Fqp— Aurora Intel (@AuroraIntel) November 19, 2020
Гардата објави дека бродот е долг 150 метри, што е за половина помалку од американскиот носач на авиони од класата „Нимиц“, долг 332 метра. Иранскиот брод нема писта, но има хелиодром.
#Iran‘s #IRGC said it launched a heavy warship Thursday named after slain naval commander Abdollah Roudaki capable of carrying helicopters, drones, and missile launchers. Would note that this reveal also comes days before Iran’s Nat’l Navy Day. 1/2 pic.twitter.com/vYFIktM1Ym
— Jason Brodsky (@JasonMBrodsky) November 19, 2020
АП додава дека гардата обично ја опфаќа областа во Персискиот Залив, а иранската морнарица патролира во Оманскиот Залив, па и пошироко.
АП заклучува дека бродот се чини дека е одговор на патролирањето на американски бродови во регионот, што Иран го смета за закана, како и на зголеменото присуство на Израел во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

