Свет
(Видео) ИСИС објави снимка од напад во Нигер: Американски командоси се бореа до самиот крај
Дванаесет членови на специјалните сили на САД, заедно со 30 нигерски војници, западнале во терористичка заседа во оваа африканска земја на 4 ноември минатата година. Притоа, милитантите од Исламска држава успеале да убијат четворица Американци, а сега, исто така, објавија и снимка од борбата од една или повеќе камери поставени на шлемовите на американските војници.
На снимката во прво лице, изворно долга 9 минути и 15 секунди е прикажана очајната борба на американските Зелени беретки што влегоа во жесток судир со бројниот непријател, кој ги дочека во заседа за време на извидничка патрола во близина на селото Тонго Тонго, непосредно до границата меѓу Нигер и Мали. Американците биле испратени на таа локација да ги испитаат наводите за скривалиште на локалниот командант на Исламска држава.
Војникот кој носеше камера на шлемот, Ла Дејвид Џонсон, наскоро и самиот беше погоден и падна на земја. Се обиде да стане, но наскоро повторно падна и остана да лежи додека околу него се прошири локва крв. Подоцна беше откриено дека тој бил погоден дури 18 пати. Камерата наскоро престана да се движи, а непријателските борци накратко се појавија во кадарот.
Телата на тројца американски командоси, Брајан Блек, Џермаја Џонсон и Дастин Врајт, биле пронајдени истиот ден откако американските трупи конечно испратиле засилување на локацијата, со помош од француските сили, кои овозможиле воздушна поддршка. Телото на четвртиот војник, Џонсон, било пронајдено два дена подоцна на друга локација, што предизвика сомнежи дека терористите го фатиле додека бил жив и го егзекутирале.
Трагичната смрт на четворицата командоси наиде на многу критики во САД, како поради нивната несоодветна опрема и бројност за толку опасна мисија, но исто така и поради испраќањето американски војници во оваа африканска земја. Во Нигер во моментов има околу 800 американски војници на мисија за обука на локална армија во борба против тероризмот. Американскиот претседател Доналд Трамп исто така дополнително предизвика паника во јавноста откако на вдовицата на Џонсон, според нејзините зборови, ѝ рекол дека војникот знаел „за што точно се пријавил и на што се согласил“.
„Не можам да поверувам дека на ваква мисија ги испратиле така опремени“, коментираше во врска со настанот демократскиот конгресмен Марк Ваесеј, член на комитетот за вооружените сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Хрват од Дубаи: Во засолниште сме, не знам што ќе биде понатаму
Хрватскиот државјанин Тони Дабиновиќ, кој моментално е во Дубаи, сведочеше за ненадејна евакуација во засолниште што се случила во текот на ноќта. Како што изјавил за хрватски Индекс, тој и другите гости на хотелот биле преместени на безбедна локација откако се вклучиле сирените за тревога.
„Се наоѓаме во засолниште. Бев во хотелот, а сега сите нè сместија во засолниште, во зграда помеѓу хотелите“, рече тој. „Сега е 1:30 часот наутро. Сите нè преместија во засолниште. Имаше сирени и сигнал за тревога преку нашите мобилни телефони што сите го добивме за да се засолниме. Не знам што ќе се случи потоа“, додаде Хрватот од Дубаи.
Свет
(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи
Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб.
BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport.
Evacuations are underway at the airport. pic.twitter.com/kjEwqD5Vyl
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Ирански дрон го погоди и хотелот со пет ѕвездички Бурџ Ал Араб во Дубаи. Хотелот, кој е висок 321 метар и има 60 ката, се наоѓа на вештачки остров во Обединетите Арапски Емирати.
BREAKING: Iranian drone hit the five-star Burj Al Arab hotel in Dubai, UAE.
The 321-meter, 60-story tower stands on an artificial island. pic.twitter.com/SZaJrAUq3n
— Clash Report (@clashreport) February 28, 2026
Бурџ Ал Араб е еден од најпрепознатливите хотели во светот и симбол на луксузот на Дубаи. Отворен во 1999 година, изграден е на вештачки остров на околу 280 метри од брегот и поврзан со копното со приватен мост. Висок е 321 метар и има 60 ката, а неговиот архитектонски дизајн наликува на едро.
Breaking News 🚨
Iran strikes renowned Burj Al-Arab hotel in Dubai, UAE. pic.twitter.com/3oqGa579Kw
— Dost Afridi (@DostAfridi_10) February 28, 2026
Хотелот често се опишува како „хотел со седум ѕвездички“, иако официјално има пет, и е познат по своите ексклузивни апартмани на два ката, приватни батлери и хелиодромот на врвот од зградата, кој стана место за бројни промотивни настани и спортски спектакли.
Свет
Трамп: Ајатолахот е мртов
Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака:
„Во возвишеното име на Хајдар (Имам Али), мирот нека е со него. Без него нема небо ни земја“
به نام نامی حیدر علیهالسلام pic.twitter.com/n848j6KASq
— KHAMENEI.IR | فارسی (@Khamenei_fa) February 28, 2026
„Хајдар“ е едно од имињата/почесните имиња на Имам Али, а терминот „алејхи селам“ значи „мир со него“ и се користи како знак на почит.

И Доналд Трамп потврди дека е мртов.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. Високи израелски функционери изјавија за неколку медиуми дека ајатолахот е мртов, но нема официјална потврда од Иран. Израелските медиуми објавија дека неговото тело е пронајдено во урнатините на палата. „Иран интернешнл“ исто така соопшти дека ајатолахот е мртов.

