Свет
(Видео) Катаклизма во Мексико: невремето уби најмалку осум лица, уништи четири куќи и оштети 50
Најмалку осум лица загинаа, а тројца се повредени кога невообичаено обилните дождови предизвикаа излевање река во мексиканската држава Халиско.
Атипичните врнежи целосно уништија четири куќи, а се проценува штетата на уште 50 згради, изјави локалниот функционер Густаво Роблес, пренесува „Ројтерс“.
While much of #Mexico is experiencing severe drought, storms earlier today in Jalisco caused flooding/flash floods that have killed at least 7 people with 9 reported missing 💔😭#ClimateActionNow pic.twitter.com/li2KTjRJp7
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 25, 2023
Тој рече дека локалните власти, кои соработуваат со федералната влада за прогласување вонредна состојба, добиле информација дека реката го поплавила подрачјето околу 7.20 часот и дека во операцијата учествувале повеќе од 100 припадници на спасувачките служби.
Mexico – 8 Fatalities After Flash #Floods in #Jalisco https://t.co/PhZzJ4wWl9 via @FloodList #inundaciones pic.twitter.com/zFMT8ZXKBB
— FloodList (@FloodList) September 26, 2023
Во исто време властите во Гватемала соопштија дека најмалку шест лица загинале во понеделникот кога река излетала од коритата поради обилните дождови што ја погодија оваа централноамериканска земја во неделата.
Пред дождовите в недела најмалку 29 лица загинаа во поплавите во Гватемала оваа дождовна сезона, според податоците на националната агенција за катастрофи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Жителите на Нови Пазар утрово ги разбуди слаб земјотрес, известуваат медиумите во Србија.
Јачината на земјотресот е 2,5 степена според Рихтеровата скала, а е регистриран во 7.37 часот.
Се проценува дека интензитетот на ударот во епицентарот е III-IV од Меркалиевата скала.
Свет
Генералното собрание на ОН би требало да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство
Генералното собрание на Обединетите нации денеска треба да ја поддржи палестинската кандидатура за полноправно членство во ОН со тоа што ќе ја признае како квалификувана за членство и ќе го испрати барањето назад до Советот за безбедност на ОН „да го преиспита прашањето во корист на Палестинците“.
Палестинците ја оживуваат својата кандидатура за полноправно членство во ОН, кое декларативно би ја признало палестинската држава, откако САД ставија вето во 15-члениот Совет за безбедност на ОН минатиот месец.
Гласањето на Генералното собрание од 193 члена се смета за испитување на светското мислење за палестинското прашање. Барањето за полноправно членство во ОН прво мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа и од Генералното собрание.
Но, иако самото Генерално собрание не може да даде полноправно членство во ОН, нацрт-резолуцијата за која се гласа денеска ќе им даде на Палестинците некои дополнителни права и привилегии од септември 2024 година, како што е место меѓу членките на ОН во собраниската сала, но тие нема да имаат право на глас во телото.
Дипломатите велат дека нацрт-текстот најверојатно ќе ја добие поддршката потребна за усвојување.
Свет
Двајца скијачи загинаа во лавина во САД, третиот успеал да се ископа од снегот
Откако вчера започна лавина во планините покрај Солт Лејк Сити, Јута, двајца скијачи загинаа, додека властите успеаја да спасат трет со хеликоптер.
Несреќата се случила во близина на Лон Пик, каде неодамна паднаа над 76 сантиметри снег. Центарот за лавина во Јута (UAC) ја потврди смртта на двајца мажи. Спасувачите досега не можеа да стигнат до нивните тела поради небезбедни услови. Центарот наведува дека фаталните лавини се ретки во овој период од годината.
Спасувачите со хеликоптер стигнале на местото на несреќата во кањонот Литл Котонвуд и потврдиле дека двајца скијачи загинале, пишува Би-би-си.
Третиот скијач успеал да се ископа од лавината и бил пренесен во болница. Имињата на загинатите мажи се уште не се објавени, но станува збор за скијачи на возраст од 23 и 32 години. Едниот бил од Јута, додека другиот пристигнал да скија од друга американска држава.