Свет
(Видео) Ким и Мун засадија дрво и го полеаја со вода од своите земји
Ким Џонг-ун и Мун Џае-ин го почнаа попладневниот дел од самитот со церемонијална церемонија на садење дрво во демилитаризираната зона.
Ким на местото пристигна во својата лимузина, повторно придружуван од телохранители кои трчаа покрај возилото.
Kim Jong Un is back for the afternoon portion of the #interkoreansummit, and so are his bodyguards running alongside his limousine pic.twitter.com/w9VJPdn6su
— Josh Berlinger (@j_berlingerCNN) April 27, 2018
Откако Ким се ракуваше со јужнокорејскиот лидер, двајцата со лопати нафрлаа малку земја врз дрвцето кое веќе беше поставено во земја кога тие пристигнаа.
JUST IN: Kim Jong Un and Moon Jae-in take part in a tree-planting ceremony using soil and water from both Koreas https://t.co/g5rPpIKW59 pic.twitter.com/7tx1TqvG3U
— CNN International (@cnni) April 27, 2018
Дрвото е од 1953 година, кога било потпишано примирјето во Корејската војна. Ким користел почва од планината на јужниот остров Џеџ, додека Мун користел земја од планината Паекту на север. Исто така секој водач го полеал дрвото со вода од територијата на другиот.
По засадувањето на дрвото, лидерите открија изгравиран камен кој ја одбележува пригодата, на кој пишува „засадени се мир и просперитет“. На каменот, исто така, изгравирани се имињата на лидерите и датумот на засадувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Синот на Мадуро во парламентот: Америка го киднапираше мојот татко и претседателот на Венецуела
Синот на соборениот венецуелски лидер Николас Мадуро се обрати пред националното собрание и побара ослободување на неговиот татко.
Николас Мадуро Гера го нарече својот татко „претседател Мадуро“, а неговиот говор беше дочекан со силен аплауз од пратениците.
Синот на Мадуро рече дека Америка ги киднапирала неговиот татко и првата дама на Венецуела, Силија Флорес.
Пратениците повторија дека извршната потпретседателка Делси Родригез ја презеде функцијата привремен претседател и се очекува наскоро да положи заклетва.
фото/епа
Свет
Нападот на САД врз Венецуела ја зголеми цената на нафтата
Цената на нафтата се зголеми на меѓународните пазари кон 62 долари, бидејќи трговците беа вознемирени од нападот на САД врз Венецуела.
На лондонскиот пазар, барелот се тргуваше по цена од 93 центи повисока во попладневните часови во споредба со цената на затворање на крајот од минатата недела, од 61,68 долари. На американскиот пазар, цената се зголеми за 95 центи, на 58,27 долари за барел.
Почетокот на првата недела од 2026 година беше обележан со нападот на САД врз Венецуела.
Во ноќта од петок кон сабота, американските вооружени сили извршија напади врз неколку локации во Венецуела и го заробија претседателот Николас Мадуро.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Вашингтон има намера да „управува“ со Венецуела, ставајќи ја продажбата на венецуелска нафта во преден план.
Венецуела има најголеми докажани резерви на нафта во светот, околу 303 милијарди барели, според податоците од Институтот за енергетика со седиште во Лондон. Во текот на 1970-тите, таа произведувала дури 3,5 милиони барели нафта дневно, што во тоа време претставувало повеќе од седум проценти од светското производство.
Долгогодишните санкции на САД сериозно го попречија развојот на венецуелската нафтена индустрија, па минатата година производството изнесуваше околу 1,1 милион барели дневно, што одговараше само на околу еден процент од светското производство.
Во април, Вашингтон ја продолжи лиценцата на „Шеврон“ за работа во Венецуела, а компанијата сега произведува приближно една четвртина од целата венецуелска нафта.
По заострената блокада на САД и воените напади, Венецуела посочи дека има намера да го намали производството бидејќи нејзините складишта се полни.
Регион
Кокаин вреден 10 милиони евра пронајден во камион на српски возач во Италија
Српскиот државјанин Д. В. (54) беше уапсен во Италија откако полицијата откри 110 килограми кокаин со висока чистота во кабината на неговиот камион. Вредноста на запленетата дрога се проценува на околу 10 милиони евра, а возачот, како што објавија локалните медиуми, бил запрен поради неисправно светло на возилото за време на рутинска проверка, пишува Nova.rs.
Италијанската полиција вршела рутинска сообраќајна контрола во областа Лисерт кога забележала камион со неисправно светло. Му сигнализирале да застане, но возачот ја игнорирал наредбата и продолжил да вози. Полицијата успеала да го запре непосредно пред границата со Словенија.
При детален преглед на возилото, полицајците пронашле три големи патни торби во кабината на возачот. Тие содржеле вкупно 100 пакувања кокаин со висока чистота, со тежина од 110 килограми. Според истражителите, вредноста на запленетата дрога е околу 10 милиони евра, додека нејзината улична вредност, по мешањето со други супстанции, би можела да достигне 20 милиони евра.
Според официјалната документација, камионот транспортирал керамички плочки од Шпанија во Србија. Италијанските власти забележуваат дека Шпанија се смета за една од главните влезни точки за кокаин што пристигнува во Европа од Јужна Америка.
Истражителите истакнуваат дека начинот на кој била транспортирана дрогата укажува на директна вмешаност на возачот, со оглед на тоа што кокаинот не бил скриен во товарниот простор, туку бил во кеси во кабината.
Возачот моментално е во притвор во Трст, а според достапните информации, досега не е кривично регистриран.
Случајот го презеде Дирекцијата за борба против мафијата (DDA) во Трст, чија главна цел е да ја разоткрие целата мрежа за дистрибуција на дрога и да ја утврди крајната дестинација на запленетиот кокаин.
фото/депозитфотос

