Свет
(Видео) Ким Џонг-ун е во официјална посета на Кина, потврдија Пекинг и Пјонгјанг
По неколкудневните шпекулации, потврдено е дека севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, е во посета на Кина, објави Би-би-си. Посетата, потврдена од Кина и од Северна Кореја, е прва официјална посета на странска држава од Ким откако ја презеде функцијата во 2011 година.
Според информациите, Ким имал успешни разговори со кинескиот лидер Си Џинпинг во Пекинг, пренесе кинеската новинска агенција „Синхуа“. За време на средбата Ким го убедил својот кинески колега дека е посветен на откажување од нуклеарното оружје, но под одредени услови, пренесе кинеската агенција „Сихуа“.

In this photo released Wednesday, March 28, 2018 by China’s Xinhua News Agency, Chinese President Xi Jinping, fourth from left, and North Korean leader Kim Jong Un, second from right, meet at the Great Hall of the People in Beijing. (Yao Dawei/Xinhua via AP)
„Прашањето за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров може да се реши ако Јужна Кореја и САД реагираат на нашите напори со добра волја, да се создаде атмосфера на мир и стабилност додека се преземаат прогресивни и синхронизирани мерки за остварување на мирот”, рекол Ким.
Севернокорејската новинска агенција КЦНА ја нарече посетата пресвртница во подобрувањето на билатералните односи со Кина.
Кинеските медиуми ја оценуваат посетата на Пекинг како успешен чекор за севернокорејската подготовка за предложените разговори. Кина е главен економски сојузник на Северна Кореја и се претпоставуваше дека ќе има консултации со Пекинг пред планираниот самит со Јужна Кореја и САД. Предвидено е следниот месец Ким да се сретне со јужнокорејскиот претседател, Мун Жае-ин, и со американскиот претседател, Доналд Трамп, во мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

