Свет
(Видео) Кинеската вселенска станица се урна на Земјата

Кинеската вселенска станица Tiangong-1 утрово влезе во атмосферата на Земјата во област над Пацификот.
Вселенската станица се врати во атмосферата на Земјата, над Јужниот Пацифик, денеска меѓу 8.11 и 9.33 часот по локално време.
Поголемиот дел од станицата се запалил поради атмосферско триење во текот на падот. На земјата паднале многу мали парчиња и делови.
Првата кинеска вселенска станица беше лансирана во септември 2011 година. Нејзиното име Tiangong-1 значи „Небесна палата“. Таа е долга 10,4 и широка 3,3 метри. Се состои од една експериментална лабораторија, сервисен модул и два соларни панела со димензии 3×7 метри. Станицата е дел од амбициозниот проект на Кина која има цел да постави постојана постојка во орбиртата до 2023 година. Првично беше планирано станицата со својата работа да прекине во 2013 година, но нејзината мисија неколку пати беше продолжувана.
Идејата беше таа на контролиран начин да се врати во атмосферата на Земјата, но во март 2016 престана да работи предизвикувајќи загриженост за нејзиниот пад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) „Спејс Икс“ на Маск ја лансираше единаесеттата ракета „Старшип“

„Спејс Икс“ на Илон Маск вчера ја лансираше својата единаесетта ракета „Старшип“ од „Старбејс“ во Тексас.
Starship's eleventh flight test reached every objective, providing valuable data as we prepare the next generation of Starship and Super Heavy → https://t.co/YmvmGZTV8o pic.twitter.com/gO0i8XFWIH
— SpaceX (@SpaceX) October 14, 2025
Станува збор за тест мисија што го демонстрира дизајнот на џиновско возило за повеќекратна употреба за носење сателити и, на крајот, за транспорт на луѓе на Месечината и Марс.
Европа
(Видео) Жесток руски напад врз Харков, погодена болница: 30.000 луѓе останаа без струја

Руските сили го нападнаа Харков со наведувани бомби, прекинувајќи го снабдувањето со електрична енергија на 30.000 корисници во три области, соопштија локалните власти.
Регионалниот гувернер Олех Синиехубов напиша во Телеграм дека руските сили користеле наведувани бомби за да ги нападнат областите Немишљански и Слободски на југоисток и областа Шевченковски на север од градот.
Градоначалникот Ихор Терехов, во интервју за локална телевизија, рече дека три бомби оштетиле болница и погодиле далноводи. Речиси 30.000 корисници биле погодени од прекинот на електричната енергија.
🤬 Kharkiv under attack by KABs. Severe fires in the city and partial power outage pic.twitter.com/Vkp3Cjb37m
— The Ukrainian Review (@UkrReview) October 13, 2025
Тој рече дека четири лица се повредени, повеќето од расфрлани стакла, а некои пациенти се префрлени на други одделенија. „За жал, болницата беше доста оштетена и внатре имаше пациенти. Четири лица беа повредени во различен степен, а околу 200 прозорци беа скршени“, рече Терехов.
„Нападите се главно врз енергетски цели – производство, пренос, електрична мрежа. Целта е електричната мрежа да престане да работи.“
Во последните недели, руските сили ги концентрираа своите напади врз цели поврзани со електричната мрежа и гасната индустрија на Украина, како што се приближува зимата во повеќе од 3 и полгодишната војна.
Масовниот напад врз Киев и другите центри минатата недела остави повеќе од еден милион домаќинства и бизниси привремено без електрична енергија низ целата земја. Снабдувањето со вода беше исто така прекинато.
Свет
Лавров: Палестинското прашање и понатаму останува нерешено

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план за Газа на Доналд Трамп не го решава целосно израелско-палестинскиот конфликт, пренесе RT.
Тој нагласи дека Русија го оценува планот како „најдобро што моментално е на преговарачката маса“, но додаде дека „палестинското прашање со тоа не е решено“.
Лавров порача дека конечно решение би било можно само со создавање на палестинска држава во границите од 1967 година, во согласност со резолуциите на ОН, и повтори дека Москва останува посветена на решението со две држави.