Свет
(Видео) Кинеската полиција претепа и уапси новинар на Би-би-си
Кинеската полиција претепа и уапси новинар на Би-би-си, кој известуваше за протестите против коронавирусот во Шангај, но тој беше ослободен од притвор по неколку часа. Инцидентот е снимен.
„Би-би-си е крајно загрижен за односот кон нашиот новинар Ед Лоренс, кој беше уапсен и со лисици на рацете додека известуваше за протестите во Шангај“, се вели во соопштението на портпаролот на британската јавна телевизија.
Witnessed a BBC journalist got sieged and dragged to the ground by several cops in Shanghai earlier tonight on the Urumqi Rd. His friend said he was targeted becuz he was filming the protest. (feel free to @ his handle if you know who this journalist is ) @BBCNews @BBCNewsAsia pic.twitter.com/tPgoPET3hg
— Shanghaishanghai (@Shanghaishang10) November 27, 2022
Тој беше задржан неколку часа. За време на апсењето полицијата го тепаше.
„Ова се случи додека тој работеше како акредитиран новинар“, додаде портпаролот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ги засили нападите врз јужен Либан
Израел денес ги засили воздушните напади врз јужен Либан, при што загина најмалку една личност. Израел рече дека нападите се насочени кон спречување на повторното воено зајакнување на Хезболах, кој, според нив, се обидува повторно да се вооружи по завршувањето на минатогодишната војна.
Хезболах тврди дека ги исполнува обврските од договорот за прекин на огнот и дека ги повлекол силите северно од реката Литани, каде контрола треба да преземат либанската армија и УН силите (УНИФИЛ). Но спроведувањето на договорот е отежнато поради израелските операции и внатрешните политички услови во Либан.
Денес Израел предупреди четири јужни села – Деир Кифа, Шехур, Аината и Таир Филсаи – и објави дека напаѓа инфраструктура на Хезболах. Во претходен напад врз селото Ал-Тири загинала една личност, соопшти либанското министерство за здравство.
Израелската војска тврди дека убила член на Хезболах задолжен за „обнова на воената подготвеност“. Во вторникот Израел изведе еден од најсмртоносните напади од минатогодишниот конфликт, убивајќи 13 лица во палестински бегалски камп кај Сидон. Израел рече дека нападнал објект што го користи Хамас, додека Хамас негира присуство на воени структури во камповите.
Свет
10.000 полски војници ќе ја чуваат критичната инфраструктура на земјата
Полска ќе распореди 10.000 војници за заштита на критичната инфраструктура, вклучително и железниците, изјави министерот за одбрана Владислав Кошињак-Камиш, објави Ројтерс.
Соопштението доаѓа по експлозијата на железничката пруга за време на викендот, за која Варшава ја обвинува Москва.
Претстојните божиќни празници може да бидат сметани од непријателите на Полска како добро време за саботажи, ги предупреди новинарите началникот на полскиот Генералштаб, Вислав Кукула.
Претходно денес, министерот за надворешни работи го објави затворањето на рускиот конзулат во Гдањск и предупреди дека одговорот на саботажата на железничките линии нема да биде само дипломатски.
Свет
Берлин: На Украина итно ѝ е потребна поголема помош за одбрана
Германската влада соопшти дека на Украина итно ѝ е потребна поголема помош во одбраната. Берлин обезбедува дополнителна материјална помош за Киев за зимата.
Ситуацијата во Украина е многу напната поради континуираните напади на Русија и на Киев итно му е потребна помош од партнерите во одбраната, изјави портпарол на германската влада.
„Континуираните напади на Русија ја ставаат Украина под огромен притисок и ова е уште една причина поддржувачите на Украина да ѝ помогнат на земјата да се одбрани“, изјави владиниот портпарол на редовната владина прес-конференција во Берлин.
Во екот на тековните руски напади врз украинската инфраструктура, германската влада објави дека ќе испрати и дополнителна зимска помош за земјата во вредност од 40 милиони евра.
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека Германија „помага да се одржат домовите топли и осветлени и да се осигури дека Русија нема да успее да го скрши моралот на Украинците кои ја бранат својата татковина со гаѓање на инсталации за гас и електрична енергија“.
Средствата, според неговата изјава, ќе бидат искористени за хуманитарни мерки: поправка на системи за греење и оштетени домови, како и снабдување со генератори, ќебиња и хигиенски производи.
Во исто време, сепак, има намалувања на хуманитарната помош: во 2024 година, придонесот на Германија за хуманитарна помош беше над 400 милиони евра, но за оваа година е значително намален.

