Свет
(Видео) Комунистичката партија на Кина со спектакл го прославува 100-годишниот јубилеј
На денешната прослава на стогодишнината од основањето на Комунистичката партија на Кина претседателот Шји Џјинпинг го поздрави, како што рече, новиот свет создаден од кинескиот народ и ги предупреди странските сили кои се обидуваат да ја понижат Кина дека тоа ќе им се удри од глава.
По прелетувањата и акробациите од кинеското воено воздухопловство, претседателот Шји за време на едночасовниот говор на плоштадот Тјенанмен вети дека ќе ја зајакне кинеската армија и ќе изврши обединување со Тајван.
Според него, во Хонгконг ќе биде обезбедена социјална стабилност, со заштита на кинеската безбедност и суверенитет.
„Кинескиот народ се покажа не само во уништувањето на стариот свет, туку и во создавањето на нов. Социјализмот е единствениот спас за Кина“, рече претседателот Шји, а пренесува „Ројтерс“.
Кинескиот претседател и Комунистичката партија уживаат популарност поради ефективната борба против епидемијата на коронавирус и активната улога што ја игра Кина на глобалната политичка и економска сцена.

Од друга страна, официјален Пекинг беше изложен на надворешни критики за неговиот груб третман кон Хонгконг и кршењето на правата на припадниците на муслиманското ујгурско етничко малцинство во провинцијата Синџијанг, но и за влошената демографска ситуација што може да го загрози долгорочниот економски раст.
Претседателот Шји рече дека кинескиот народ никогаш нема да дозволи странските сили да се однесуваат насилно, да ја понижуваат и покоруваат Кина.
„Кој би се осмелил да испроба нешто слично, крваво би ја скршил главата од Големиот челичен ѕид изграден од 1,4 милијарди припадници на нашиот кинески народ“, предупреди претседателот.

Прославата денеска почна со прелетување на борбени авиони и хеликоптери кои ги набљудуваа националните лидери, сместени на јужните бедеми на Забранетиот град. Хор од 3.000 луѓе отпеа седум социјалистички песни за време на настанот.
Си го заврши својот говор со два громогласни извика: „Да живее КПК, која е светла, славна и правилна“ и „Да живеат луѓето кои се големи, славни и херојски“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По протестот на опозицијата во Тирана, 17 лица се уапсени, а 35 под истрага
17 лица се уапсени, а против 35 се води истрага на слобода, по протестот на албанската опозиција во Тирана кој ескалираше во тензии и судири со безбедносните сили, јави RTSH.
Инцидентите започнале кога дел од демонстрантите се судриле со полицијата во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама. Според информациите, кон зградата биле фрлани молотови коктели.
Полицијата интервенирала со солзавец за да ја растера толпата. Подоцна протестот се префрлил кон зградата на парламентот, каде што биле регистрирани нови инциденти и фрлање запаливи средства, по што следувала нова полициска интервенција.
Во судирите се повредени повеќе лица, кои се пренесени во болница.
Од полицијата информираат дека протестот не бил претходно одобрен, наведувајќи дека имало информации за можни насилства, имајќи ги предвид претходните инциденти.
Демонстрантите побараа оставка од владата по обвинувањата за корупција против вицепремиерката Белинда Балуку.
Свет
Фицо ѝ се закани на Украина: Ако не добиеме нафта до понеделник, ќе ви ја исклучиме струјата
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, упати ултиматум до Киев, со кој најавува дека Словачка ќе ги прекине итните испораки електрична енергија за Украина ако до понеделник не се обнови транзитот на нафта кон земјата. Со ова се дополнително заоструваат веќе напнатите односи меѓу двете држави.
„Ако украинскиот претседател до понеделник не го обнови снабдувањето со нафта за Словачка, истиот ден ќе побарам од надлежните словачки компании да ги запрат итните испораки електрична енергија за Украина“, изјави Фицо.
Тој го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека се однесува злонамерно кон Братислава и дека не го цени мировниот пристап на Словачка. Фицо истакна дека Украина најпрво ја запрела испораката на гас, што, според него, предизвикало штета од 500 милиони евра годишно, а потоа и испораката на нафта, создавајќи дополнителни економски и логистички проблеми.
Премиерот нагласи дека Словачка од почетокот на војната ѝ помага на Украина, прифаќајќи околу 180.000 украински државјани, обезбедувајќи хуманитарна помош и организирајќи заеднички состаноци на владите.
„Словачка прави многу повеќе од некои други земји“, рече Фицо.
Тој додаде дека односите не можат да бидат еднострана улица и дека Словачка како суверена и горда држава не може да прифати однос од кој единствено Украина има корист.
Свет
(Видео) Експлозија на камион со гас во Сантјаго, има загинати и повредени
Камион кој превезувал течен гас експлодирал во Во Сантјаго, Чиле, при што загинале четири лица, а 17 се повредени.
Меѓу жртвите е и возачот на камионот, кој според извештаите, изгубил контрола пред експлозијата.
📌 Deadly gas truck blast rocks Chile’s capital
💥 Gas truck explodes on highway in Renca district of Santiago, killing at least four people and injuring 17 others
🎥 Moment of explosion shows massive fireball engulfing roadway pic.twitter.com/axPSHzf5WA
— Anadolu English (@anadoluagency) February 20, 2026
Силната експлозија создала огромен облак чад, а ударот се почувствувал на растојание од 150 до 200 метри.
Во несреќата биле оштетени најмалку 50 возила.
Јавниот обвинител во Чиле отвори истрага за случајот.

