Свет
(Видео) Кој ја уништи ХЕ „Каховка“: кога би ја разнела браната, Русија би си пукала в нога
Го користи ли Западот стариот и добро проверен рецепт на префрлање на вината вперувајќи прст кон Русија за уништување на браната „Нова Каховка“ во време кога украинските сили, според руските власти, продолжуваат со гранатирање на оваа хидроцентрала на реката Днепар.
Според „РТ Балкан“, кој посочува на методологијата на западните сојузници на Киев, тоа не би било ништо чудно.
Истото тоа се случи кога се тврдеше дека Русите ја бомбардирале нуклеарната централа „Запорожје, а меѓу бисерите е и подметнувањето во врска со саботажата на гасоводот „Северен тек“ за што Киев и нејзините сојузници ја обвинуваа Русија сѐ додека добитникот на Пулицерова награда, Симор Херш, не го разоткри заговорот зад кој се најде американскиот претседател Џо Бајден.
Овој пат меѓу првите што го обвинија Кремљ за напад на хидроцентралата беше претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој истакна дека „ние ќе ги сметаме за одговорни Русија и нејзините полномошници“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски само го повтори обвинувањето покажувајќи кон, како што рече тој, „руските терористи“.
Russian terrorists. The destruction of the Kakhovka hydroelectric power plant dam only confirms for the whole world that they must be expelled from every corner of Ukrainian land. Not a single meter should be left to them, because they use every meter for terror. It’s only… pic.twitter.com/ErBog1gRhH
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 6, 2023
„Терористите нема да може да ја спречат Украина ниту со вода, ниту со проектили, ниту со нешто друго“, напиша тој на „Телеграм“ прецизирајќи дека браната била разнесена со експлозив поставен однатре.
Експлозијата на ХЕ „Каховка“ го направи Зеленски и „јасновидец“ бидејќи на крајот на минатата година „му се кажа“ дека „Русите ќе ја уништат оваа хидроцентрала“ и тврдеше дека таму веќе бил поставен експлозив.
Откако западните функционери побрзаа да ги обвинат Русите, се огласи и шведскиот воено-политички аналитичар Микел Валтерсон наведувајќи три можни верзии за експлозијата кај „Каховка“ – едната е дека била уништена од Русите, втората дека Украинците се виновни, а третата е дека браната едноставно попуштила поради оштетувања од претходно гранатирање.
„Нема причина Русија да ја крене браната во воздух бидејќи водата што тече на југ најмногу ќе се излее на руската, лева страна на реката и руските позиции таму. Значи, главните алтернативи се или дека Украинците ја уништиле во подготовка за летната офанзива или браната се урнала под притисок на водата поради оштетување на конструкцијата“, посочува тој.
Интересно е што хидроцентралата, која е под контрола на Русија од почетокот на војната, беше речиси континуирано гранатирана од Украина и тоа толку агресивно што уште во октомври Русија испрати писмо до Советот за безбедност на ОН, во кое ги повика да го спречат уривањето на браната.
Намерите на Киев ги покажува и видеото што беше објавено во септември минатата година на проукраинскиот канал Truha Ukraina, најголемиот канал на „Телеграм“ од Харков.

„Еве го одговорот на вооружените сили на Украина: нашите борци ја гаѓаа браната на хидроцентралата ‘Каховка’ во регионот Херсон. Руси, си набавивте ли патки на надувување?“
Видеото беше отстрането токму денеска, но интернет памети сѐ, па овој доказ за украинската одговорност е зачуван.
Зошто на Русија не ѝ одговара, а Украина има корист од уништувањето на браната „Каховка“? Една од можните цели на нападот на украинската армија врз „Каховка“ би бил обидот да се поплават позициите на руската одбрана, а пред сѐ, минските полиња, што би го олеснило влегувањето на украинските војници.
Американскиот воен аналитичар со украинско потекло, Мајкл Кофман, уште лани разгледувајќи истакна дека е малку веројатно Кремљ да ја крене во воздух „Каховка“ затоа што поплавите што би следувале би го зафатиле левиот брег на Днепар, кој ѝ припаѓа на Русија.
„Кога би ја уништила браната, Русија, во основа, би си пукала в нога. Тоа би го поплавило делот од Херсон, кој е под руска контрола многу повеќе отколку западниот дел, што Украинците веројатно ќе го ослободат“, прогнозира Кофман.
И аналитичарот Џејмс Блек од корпорацијата „Ранд“, која соработува со Пентагон, тврдеше лани дека уништувањето на „Каховка“, всушност ќе му биде од корист на Киев.
NEWS UPDATE & ANALYSIS NOVA KAKHOVKA DAM DESTROYED MORNING JUNE 6
The very large hydroelectric powerplant (HPP) dam over the Dniepr in northern Kherson oblast (region) has been destroyed. Exactly what happened is unclear, Ukraine and its western allies blame Russia. Some… pic.twitter.com/Fk8GxBJVQ3— Mikael Valtersson (@MikaelValterss1) June 6, 2023
„Вашингтон пост“ на крајот на декември напиша украинската армија не само што имала план да ја уништи „Каховка“, туку дека дури и го тестирала нападот.
„Целта беше да се принудат на бегство 25.000 руски војници во тој дел на Херсон, одвоени од своите резерви со широката река. Ако се изврши доволен воен притисок, Москва нема да има друг избор, освен да се повлече“, рече во таа пригода генерал-мајорот Андриј Ковалчук, кој имаше задача да ја води контраофанзивата во Херсон.
Според „Вашингтон пост“, Ковалчук размислувал да ја поплави реката. Како што и самиот рекол, Украинците дури извршиле пробен напад со ХИМАРС и направиле три дупки во металот на браната за да видат дали водата од Днепар може да се издигне доволно за да ги запре руските преминувња.
„Тестот беше успешен, но тој чекор остана последна опција“, рече Ковалчук.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Иран со дрон погоди пристаниште во Оман
Во Оман, во ирански напад со дрон е погоден резервоар за гориво во пристаништето Дукам, објави државната новинска агенција на таа земја.
„Штетата е ставена под контрола и нема човечки жртви“, се наведува, повикувајќи се на неименуван безбедносен извор.
Истото пристаниште било цел на напад и за време на викендот, кога според извештаите бил повреден еден работник. Објавена е и снимка од ударот.
Moment Iranian drone strike hit the Port of Salalah in Oman. pic.twitter.com/OGQs7CYqr3
— Clash Report (@clashreport) March 3, 2026
Во соседен Катар вчера беше запрено производството на течен природен гас по ирански напади врз дел од постројките, додека Саудиска Арабија ја суспендирала работата во својата најголема домашна рафинерија.
Оман со години е клучен посредник во разговорите меѓу САД и Иран, а последниот круг преговори бил одржан минатиот месец токму таму.
Свет
Багеи: Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денес изјави дека Иран во моментов е единствената преостаната сила што се спротивставува на злото и рече дека „вечен срам“ ќе ги снајде оние што тврдат дека ја следат дипломатијата, но, соочени со аргументите на Иран, попуштија и решија да прибегнат кон воени средства.
Тој нагласи дека Техеран верува дека е посветен на хуманитарните принципи, пренесува „Ал Џезира“.
„Ционистичкиот режим не се воздржува од никаков злобен чин. Ги молам моите арапски пријатели внимателно да размислат. Режимот не се двоуми да го прошири опсегот на војната, да го расипе угледот на Иран и да изврши злосторства во други земји“, додаде Багеи, пренесува Танјуг.
Свет
Песков: Путин вложува напори за намалување на тензиите на Блискиот Исток
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги продолжува напорите за намалување на тензиите на Блискиот Исток и најави дека рускиот лидер денес ќе одржи меѓународен телефонски разговор. „Претседателот денес треба да има уште еден меѓународен телефонски разговор. Ќе објавиме релевантни информации и повеќе детали малку подоцна“, изјави Песков за новинарите, објави РИА Новости.
Според него, Путин вчера разговарал со лидерите на Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин и Саудиска Арабија и во сите разговори, ситуацијата на Блискиот Исток била главна тема, а рускиот претседател ја пренел својата длабока загриженост за нападот врз иранската инфраструктура, што станало централна точка на разговорот.
„Вчера разговаравме со практично сите наши соговорници дека Путин ќе ја пренесе својата длабока загриженост за нападот врз нивната инфраструктура на нашите колеги во Иран, користејќи го дијалогот што го водиме со иранското раководство“, рече Песков.
Тој негираше дека Путин има какви било планови да разговара со американскиот претседател Доналд Трамп. „Не, во моментов нема планови за разговор со Трамп“, рече Песков, нагласувајќи дека Путин нема такви настани на својот распоред.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Песков нагласи дека Русија останува посветена на принципите на меѓународното право и почитувањето на суверените држави, коментирајќи ги заканите на сенаторот Линдзи Греам кон Куба по воените операции на САД против Иран.
Песков рече дека Русија отфрла какво било мешање во внатрешните работи на други земји и смета дека таквите дејствија се некомпатибилни со меѓународното право.
„Искрено, претпочитаме да не зборуваме за ова. Ние сме поддржувачи на меѓународното право. Министерството за надворешни работи е посветено на принципите на почитување на суверените држави и на принципот на немешање во нив како внатрешно прашање. Ова е суштината на нашата позиција и претпочитаме да се придржуваме до неа. Сè друго го сметаме за некомпатибилно со принципите на меѓународното право“, изјави Песков пред новинарите, пренесува Танјуг.
Песков, исто така, рече дека е малку веројатно дека во овој момент ќе се одржи трилатерален состанок во Абу Даби во врска со украинското решение.
„Јасно е дека е малку веројатно дека сега можеме да разговараме за можноста за состанок во Абу Даби токму од очигледни причини. Сè уште не е јасно каде и кога ќе се одржат разговорите. Штом ќе биде јасно, ќе ве информираме“, рече тој.

