Свет
(Видео) Кушнер: Трамп сака да им помогне на Афроамериканците во Америка
Советникот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, изјави дека Доналд Трамп сака да им помогне на Афроамериканците во Америка и ги осуди оние што го кренаа својот глас по убиството на Џорџ Флојд, а потоа не направиле ништо за да го подобрат животот на црнечките заедници.
„Политиките на претседателот Трамп се политики што може да им помогнат на луѓето да излезат од проблемите од кои се жалат, но тој не може да сака тие да бидат поуспешни од нив самите“, рече Кушнер за телевизија „Фокс“, пренесува АП.
Кушнер, кој му е и зет на Трамп, критикува и истакнати луѓе што го кренаа својот глас по убиството на Џорџ Флојд, Афроамериканец кој почина при апсењето, но потоа не издржале и не работеле на изнаоѓање начини за подобрување на животот на црнечките заедници во Америка.
„Видовте многу луѓе што само го привлекоа вниманието кон своите доблести – одат на ‘Инстаграм’ и плачат или, знаете, ќе ставеа слоган на дресовите или ќе напишеа нешто на кошаркарското игралиште“, рече Кушнер.
„Искрено, тоа повеќе ја поларизира земјата отколку што ги придвижи луѓето напред. Проблемите се решаваат со решенија“, вели Кушнер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Разрешен ураинскиот министер за одбрана
Украинскиот парламент, Врховната рада, го разреши министерот за одбрана Денис Шмихал од должноста, кој треба да ја преземе функцијата министер за енергетика.
265 пратеници гласаа за одлуката, додека пратениците од Европската солидарност и дел од партијата Холос (Глас) се воздржаа, пишува Украинска правда.
Шмихал беше назначен на функцијата министер за одбрана во јули 2025 година. На 9 јануари, парламентот ги прими оставките на Шмихал и Михајло Федоров, првиот вицепремиер на Украина и министер за дигитална трансформација.
Претседателот Володимир Зеленски се сретна со Шмихал на 3 јануари и рече дека очекува парламентот да го одобри неговото назначување на позициите вицепремиер и министер за енергетика.
фото/епа
Свет
Дел од персоналот на француската амбасада го напушти Иран
Неесенцијалниот персонал во француската амбасада го напушти Иран, потврдија за агенцијата „Франс Прес“ два извори запознаени со ситуацијата.
Според нив, персоналот го напуштил Иран во текот на претходните два дена, но не беше објавено колку луѓе заминале.
„Заштитата на нашиот персонал и нашите граѓани е приоритет“, изјави за АФП функционер на француското Министерство за надворешни работи.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
Свет
Фон дер Лајен најави нови санкции против Иран
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ја осуди „прекумерната употреба на сила и континуираните ограничувања на слободата“ во Иран. Таа рече дека информациите за зголемениот број на жртви се застрашувачки.
„Европската унија веќе целосно го вклучи Корпусот на Исламската револуционерна гарда во својот режим на санкции за човекови права. Во тесна соработка со високата претставничка и потпретседателка Каја Калас, брзо ќе бидат предложени дополнителни санкции против оние што се одговорни за репресијата. Ние стоиме зад иранскиот народ кој храбро маршира за својата слобода“, рече таа.
Истовремено, три европски земји ги повикаа иранските амбасадори на разговори во врска со репресијата на режимот врз демонстрантите во Иран.
Холандскиот министер за надворешни работи, Давид ван Вил, изјави дека го повикал иранскиот амбасадор „за формално да протестира против прекумерната употреба на сила против демонстрантите, масовните произволни апсења и исклучувањето на интернетот“. Тој додаде дека потегот е направен во координација со европските партнери.
Финска, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори. Финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен изјави: „Иранскиот режим го исклучи интернетот за да може да убива и угнетува во тишина“.
Шпанската министерка за надворешни работи, исто така, го повика иранскиот амбасадор на разговори.
Шпанското Министерство за надворешни работи побара од Техеран да ја прекине блокадата на комуникациите и да ги запре апсењата на демонстрантите.
фото/Depositphotos

