Свет
(Видео) Лансирањето на ракетата на Безос откажано во последен момент
Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата „Блу ориџин“ на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано во последен момент поради технички проблеми. Висока триесетина ката и дизајнирана за повеќекратна употреба, ракетата „Њу Глен“ требаше да биде лансирана рано утринава од Кејп Канаверал, Флорида.
Ракетата го ресетира своето одбројување повеќепати надминувајќи ја временската рамка за лансирање поставена за 4 часот наутро по локално време. Портпаролката на компанијата рече дека тимот на компанијата истражува неколку аномалии.
„Го откажуваме денешниот обид за лансирање да го решиме проблемот со потсистемот на вселенското летало што ќе предизвика да го надминеме рокот за лансирање“, се вели во соопштението на „Блу ориџин“.
„Ги истражуваме опциите за нашиот следен обид за лансирање“, се додава во соопштението. Лансирањето би можело да биде одложено за најмалку 24 часа, но најверојатно ќе потрае подолго бидејќи се работи за мисија со висок ризик.
„Блу ориџин“ е компанија основана од основачот на „Амазон“, Џеф Безос, во исто време кога Илон Маск, сопственик на „Тесла“, а подоцна и на платформата „Икс“, ја основа својата компанија „Спејс икс“. Но, компанијата на Маск оттогаш лансира повеќе од 400 ракети во орбитата, а онаа на Безос не лансира нитуедна, пишува Би-би-си. Безос се повлече од функцијата извршен директор на „Амазон“ во 2021 година за да се фокусира на „Блу ориџин“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија
Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од 150 се повредени. Трагичната несреќа се случила кога еден од возовите излетал од шините и преминал на соседната пруга.
Несреќата се случила вчера околу 19:40 часот кога последните три вагони од возот Ирјо, кој превезувал 317 патници на линијата Малага-Мадрид, излетале од шините на влезот во Адамуз. Вагоните преминале на соседната пруга, на која во тој момент минувал возот Ренфе од Мадрид до Хуелва во спротивна насока, со брзина од околу 200 км/ч, што, исто така, предизвикало и негово излевање од шините.
Возот Ирјо бил произведен во 2022 година, и последен пат бил проверен на 15 јануари. Несреќата се случила на рамен дел од пругата, што го потврди и министерот за транспорт Оскар Пуенте.
Спасувачките операции за жртвите од железничката несреќа сè уште се во тек.
фото/епа
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.

