Свет
(Видео) Луѓето бегаа од страв, 46 повредени: Објавени снимки oд силниот земјотрес што ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала се случи во западна Турција во близина на градот Дузче, на околу 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.
Повредени се 46 лица, соопшти Управата за вонредни состојби.
23,11,2022 💔#duzce #depremistanbul #depremanı #Ankara #Sakarya #Bursa #İstanbul pic.twitter.com/nT1jHPPKSI
— ᐯᗴᔕꭵᗰ 𝐊Ü𝐑Ş𝐀𝐓𝐎Ğ𝐋𝐔 (@vesim_turkmen) November 23, 2022
Вкупно 37 лица се повредени во Дузче, каде што е епицентарот на земјотресот, додека останатите се повредени во Истанбул, Сакарија, Болу и Зонгулдак.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, кој пристигна во Дузче веднаш по земјотресот, изјави дека нема жртви.
Земјотресот се случил на длабочина од 6,81 километар.
Почувствуван е и во Истанбул и во други провинции, вклучително и во северозападниот дел на Болу, Сакарија, Коџаели, Бурса, Билеџик и во западните провинции Измир и Кутахија, како и во главниот град Анкара.
Düzce’den ilk görüntüler… Deprem tatbikatı bir işe yaradı mı? Mesaj geldi mi? Çöküp saklandınız mı? Uyarı bu herkes biliyor tehlikeyi ama Hazır değiliz… #deprem #duzce #sondakika pic.twitter.com/0kLiKg65FR
— Who? (@who98408150) November 23, 2022
По силниот земјотрес регистрирани се вкупно 74 последователни потреси.
Гувернерот на Дузче, Џевдет Атај изјави дека училиштата ќе бидат затворени в среда поради земјотресот.
A magnitude 6.0 Earthquake has struck an area of western Turkey near the town of #Duzce, about 210km (130 miles) east of #Turkey largest city #Istanbul.#istanbuldeprem #kayseri #deprem #düzce #Earthquake pic.twitter.com/LrfDOCEgZG
— Himanshu dixit 💙 (@HimanshuDixitt) November 23, 2022
Видливо е и дека е направена голема материјална штета.
TGRT haber spikerinin deprem esnasında canlı yayındaki soğukkanlılığı ekranlara böyle yansıdı. pic.twitter.com/hgYwpZmY32#Sondakika #Haber #Haberler #Turkiye
— Son Dakika Haberleri (@bitciholding) November 23, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Жестоки судири на авганистанско-пакистанска граница

Жестоки судири синоќа избувнале на границата меѓу Пакистан и Авганистан, откако талибанците извршиле напад врз пакистански воени пунктови, јавуваат светските медиуми.
Екслацијата, како што пишува „Гардијан“ повикувајќи се безбедносни претстаници од двете земји, доаѓа по воздушниот напад што пакистанските сили го извршија оваа надела. Силите на талибанскиот режим во Авганистан, како одмазда вчера почнале со напади врз пакистанските трупи долж границата, тврдејќи дека зазеле два гранични пункта во јужната провинција Хелманд, информација што ја потврдиле локалните власти.
Пакистанските безбедносни претставници ги потврдиле судирите со талибанците на неколку гранични локации, наведувајќи дека нивните сили возвратиле енергично.
„Вечерва, талибанските сили почнаа да пукаат кон неколку гранични точки. Ние возвративме со артилерија на четири локации по должината на границата. Нема да толерираме никаква агресија од авганистанските талибанци на нашата територија. Пакистанските сили одговорија со силен оган, ефикасно таргетирајќи неколку авганистански гранични пунктови“, изјавил претставник на пакистанската влада за „Гардијан“.
Пакистанската армија, како што се наведува, употребила артилерија, тенкови, како и лесно и тешко оружје во своите контранапади.
Ескалацијата доаѓа откако во четвртокот беа пријавени две експлозии во авганистанскиот главен град Кабул и уште една во југоисточен Авганистан. Министерството за одбрана, управувано од талибанците, го обвини Пакистан за кршење суверенитетот на земјата во врска со овие два напади.
Свет
Трамп утре ќе се сретне со семејствата на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас

Американскиот претседател Доналд Трамп утре изутрина ќе се сретне со роднини на заложниците кои ги држи палестинската милитантна група Хамас, по што ќе одржи говор во Кнесетот.
Белата куќа соопшти дека Трамп ќе отпатува во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик подоцна утре на „мировна церемонија за Блискиот Исток“ по повод договорот што го посредуваше меѓу Израел и Хамас.
Според распоредот на Белата куќа, „Ер форс уан“ треба да тргне од Вашингтон денеска попладне и да слета во израелскиот крајбрежен град Тел Авив утре во 9:20 часот по локално време.
Потоа се очекува Трамп да одржи говор во Кнесетот, израелскиот парламент, во 11 часот, по средбата со семејствата на заложниците во рамките на Кнесетот.
Во 13 часот американскиот претседател ќе отпатува за Египет, со пристигнување во Шарм ел-Шеик во 13:45 часот. Мировната церемонија е планирана да почне во 14:30 часот, според распоредот.
Се очекува Трамп да замине подоцна истиот ден и да се врати во Вашингтон.
Свет
Израел ќе го насочи фокусот кон уништување на тунелите во Газа

Министерот за одбрана на Израел, Исраел Кац, изјави дека и наредил на израелската армија (ИДФ) да се подготви за уништување на сите тунели на Хамас во Појасот Газа.
– Главниот предизвик за Израел по фазата на враќање на заложниците ќе биде уништувањето на сите терористички тунели на Хамас во Газа – директно од страна на ИДФ и преку меѓународен механизам што ќе се воспостави под водство и надзор на САД, напиша тој на Х.
– Ова е основното значење на спроведувањето на договорениот принцип за демилитаризација на Газа и разоружување на Хамас, изјави Кац, додавајќи дека „и наредил на ИДФ да се подготви за извршување на задачата.“
Не е јасно како ИДФ ќе ги уништи тунелите на Хамас во деловите на Газа што не се под контрола на армијата според договорот за прекин на огнот.