Свет
(Видео) Маскирани тинејџери се обиделе да ограбат куќа, а сопственикот ги убил
Тројца тинејџери од Џорџија беа убиени во понеделникот утрото кога разменија оган со сопственикот на куќата што сакале да ја ограбат.
„Доказите велат дека тинејџерите, на возраст од 15 и 16 години, се обиделе да ограбат три лица во предниот двор на домот Кониерс во областа Рокдајл“, рече шерифот Ерик Левет.
Тој додаде дека тоа е веројатно случај на самоодбрана и заштита, што е овозможено со закон наречен „останете на своето место“. Според тој закон, луѓето може да се бранат од непосредната закана од местото каде што имаат право да бидат.
Тинејџерите носеле маски додека се приближувале кон дворот, а едниот од нив имал пушка и пукал кон станарите. Но, еден од нив возвратил со оган. Станарите не се повредени, меѓутоа еден тинејџер починал на самото место, а други биле пренесени во болницата каде што починале. Пронајдени се два примерока на оружје на местото на настанот, но сè уште не е познато кому му припаѓаат.
Соседот Карлос Вотсон изјави дека слушнал истрели од огнено оружје во понеделникот во 4 часот наутро.
„Тоа беа пет истрелии, звучеше како пиштол. Тогаш слушнав дека некој има пушка. Потоа беа испукани куп куршуми“, рече тој.
Друг сосед, Брајан Џенкинс, изјави дека чекал да пристигне полицијата по што отишол кај ранетиот маскиран тинејџер, кој лежел на земјата и барал помош.
„Му реков да се смири и да не се движи, дека сè ќе биде добро“, рече Џенкинс.
Истрагата е во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград
Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.
Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.
Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.
Пејачот бил во куќата
Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.
Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.
Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.
Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.
Фото: ЕПА
Свет
Истекување на гас во градинка предизвика труење кај деца и воспитувачи во Милано
Шеснаесет лица беа отруени денес, од кои 12 беа деца поради истекување на јаглерод моноксид во градинка во Милано.
Истекувањето се случи утрово, а 12 деца, двајца родители и двајца наставници беа отруени, објави противпожарната служба, додавајќи дека никој не е сериозно повреден, пренесува „Анса“.
Полицијата и пожарникарите интервенираа на лице место, заедно со експерти од единицата за биолошка и хемиска заштита (NBC) кои моментално работат на утврдување на причината за истекувањето, најверојатно предизвикано од дефект на бојлер.
Порталот „Милано тудеј“ објавува дека инцидентот се случил непосредно пред 9:20 часот наутро.
Зградата со површина од околу 150 квадратни метри беше веднаш евакуирана, а децата и наставниците се во тријажната зона каде што здравствените работници ја проценуваат можноста за хоспитализација поради нивните симптоми, пренесува Танјуг.
Свет
Трамп: Наскоро добри вести во врска со крајот на војната во Украина
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека неговата администрација наскоро може да има добри вести во врска со нејзините напори за ставање крај на речиси четиригодишната војна во Украина.
„Мислам дека се справуваме многу добро со Украина и Русија. Ова е прв пат да го кажам тоа.
Мислам дека може да имаме добри вести“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба на Белата куќа, објави Ројтерс. Специјалниот американски претставник Стив Виткоф ќе присуствува на преговорите со делегациите на Русија и Украина во Абу Даби, објави денес Белата куќа.
Претходно, Зеленски објави дека следната рунда трилатерални преговори меѓу Украина, Соединетите Американски Држави и Русија за крајот на војната во Украина ќе се одржи на 4 и 5 февруари во Абу Даби, во Обединетите Арапски Емирати.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека одложувањето на втората рунда мировни преговори за Украина во Абу Даби е резултат на несогласувања во распоредот на делегациите и дека нови разговори ќе се одржат на 4 и 5 февруари, пренесува Танјуг. На претходната средба во Абу Даби од 23 до 24 јануари, фокусот на преговорите беше ставен на крајот на војната и понатамошниот процес на мировни договори.

